Креаторите на најголемите беда и сиромаштија на граѓаните досега, Груевски и Ставрески, на најлицемерен начин ја искористија социјалата за да згрижат партиски послушници.
СДСМ бара директно објаснување од Груевски, Ставрески и Ивановски за скандалот со вработувањата во Македонски шуми преку владиното лото шоу, изјави денеска Хари Локвенец од СДСМ.
Како се случи компјутерот да извлече вработувања за најголем број членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ? Нивни сопружници, роднини или пријатели? Највисоко бодувани како лица без приходи, кои на овој начин добиваат државна работа, а се членови на семејства со плати, ниви, станови и автомобили? Или како меѓу вработените во категоријата самохрани родители, се најдоа бројни примери на лица без деца? Или лица кои не постојат? Затоа ли е недостапен списокот на бодувани и соодветно на тоа вработени во Јавното претпријатие Македонски шуми?, праша Локвенец.
СДСМ бара одговори:
Дали од општина Кичево, според овие податоци, од 88-мина примени, 59-мина се од коалицијата на власт. Од нив 25 -мина се приврзаници на Груевски?
Според податоците до кои може да се дојде од теренот, меѓу нив, во групата долгорочно невработени, е вработен, од ВМРО-ДПМНЕ, чиј татко има германска пензија, а сопругата му работи во основно училиште. Вработена е и сопруга на екс функционер од ВМРО-ДПМНЕ, сега вработен во РЕК Осломеј.
И од Гевгелија, најголем дел од избраните кандидати се членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ. Биле информирани дека ќе бидат избрани пред да биде направен изборот. Едни од нив се татко и син. Од исто семесјтво. Двајцата се вработени, според различни критериуми. Во друг случај, се вработени брат и сестра, според ист критериум!
Од Делчево меѓу примените се добро ситуирани активисти на ВМРО – ДПМНЕ. Работно место добил сопругот на сегашната директорка на Градската библиотека Делчево. Братот на еден од кандидатите за претседател на огранокот на ВМРО – ДПМНЕ, корисник на грант од Агенцијата за вработување.
Од Струмица се вработени повеќемина приврзаници на ВМРО – ДПМНЕ. Лице што работи во приватна фирма, брат на функционерка во СВР.
Интересно, голем дел од луѓето кои добиле работа, не постојат! Такви имиња едноставно не постојат!
Овде имаме многу повеќе податоци за партиски вработувања и за нелогични бодувања за што дополнително ќе информираме.
– Дали зад параванот на душегрижници, ги згриживте своите одработувачи? На каков начин е направено компјутерското бодување? Како се случи меѓу вработените во Македонски шуми да се појават лица – фантоми, кои не постојат?, побара Локвенец одговор од премиерот Груевски и министерот Ставрески.
СДСМ бара од Владата да не се крие зад наводни транспарентни телевизиски шоуа, туку јавно да го објави рангирањето на сите пријавени кандидати и оние кои добија вработувања.



