НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

А сите се обложувавме на Мијалков и Камчев

0
By Биљана Секуловска on December 15, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Надреално изгледаа тие слики во кои беше уловен Груевски- тој повеќе не е оној стариот, избезумен, преплашен, поразен, од судењата и решетките кои го чекаа.

Додека тоне се подлабоко во гниежите на затворската ќелија Сашо Мијалков, неговиот прв братучед и довчерашен сијамски близнак во бизнисот, политиката, прислушувањата и вртењето на Белизе и Мериот топката околу малиот прст, Груевски се однесува комотно и самоуверено низ Будимпешта како по неговите дела да е устоличена Нобеловата награда за мир и врвни демократски придонеси.

Оди кроце, нога пред нога, гази цврсто и отсечно, напола со потечен лик, напола освежен кога ги слуша наддавањата од милиони евра за слобода во Шутка, глуми интелигентна задлабоченост во разговорите со некој лик во ресторанот, како да патентира стратегии за распоредување на ослободување на затворениците, вмровски жртви покосени од неговото бегство, за кое ниту тој самиот не верува дека успеало навистина. Крајот ќе покаже дека и има право, не постои совршено злосторство. Затоа е чесно да му се дозволи барем сега, некој ден, недела, нека биде и месец, да фантазира и да не се измачува со непредвидливата иднина, за која не би се обложиле дека му е мазна и блескава како што изгледа сега, на прв поглед. На третиот веќе секако дека му клапнува главата и снеможува, но, тоа е таа иднина на бегалците, на луѓето кои ги облева студена пот од сопствената сенка.

Вистината е покосувачка- сиот овој период постоеше национален консезус дека исчезнувањето и маестралното бегство би му припаѓало лично само на еден човек, кој делуваше дека ја има измислено самата светска историја на бегства од правдата. Се разбира дека тоа требаше да биде Сашо Мијалков, а не Груевски, побогу, безобразно апсурдна е оваа ситуација. Какво е ова сценарио во кое се е погрешно и дилетантски пресметано?

Навистина верувавме дека тој е Худиниевски тип од светски маштап, кому Коперфилд му е само ситен чирак и е роден токму за таа цел- да му служи во благородните дела на префрлање и празнење на сметките и повторно полнење на сефовите, за да се испразнат и исчезнат дуплите врати и дна.

Ви велам, неговото бахато однесување, студен лик, целокупен хабитус, совршено прилегаа да биде тој вистинскиот бегалец. Изгледаше дека станува збор за човек со врвна лукавост, хипнотички вештини, со пипци кои ги надминуваат чешките и небески банкарски вратоломии, изгледаше дека е роден за се и подготвен на се, но, само така изгледаше.

Дури и на Орце Камчев, се обложувавме дури и на него дека одамна ќе го снема, дека траговите се непостоечки, дали воопшто постоеле, тој и Мијалков, веројатно се ќе изгледаше романтично и како низ блага измаглица, како да не се случило, ако не бевме сведоци и жртви на пустошот кој го оставија зад себе.

Сега се е само прашање на проценка на жртвата која се става на клада- Мијалков својата цена за слобода ја објави- таа е еден милион евра, Камчев во надежта вложува 14 милиони евра.

Груевски оддалеку ги слуша и анализира лицитациите на двајцата заробеници во Шутка и не се грижи многу, или поточно, воопшто, што е неговата најголема грешка. Приказната за каменот кој од блиску доаѓа покажува дека тој камен неколку пати го удираат едни од други, едни на други, но Груевски секако заборава дека тој камен секогаш ја презира далечината, затоа што никогаш не е доволно прецизен. А најблиску на каменот во неговата рака секако дека му е  неговата сопствена глава, таа глава, што така безгрижно се клати низ улиците на Будимпешта, таа глава така осамена, наивна во безгрижноста.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.