Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Со мерката „средна класа“ до стабилен граѓанин

0
By Нова ТВ on October 11, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 11, 2013 14:13


– Mногу е лошо за луѓе кои вршат функција заменик премиер за економија, па дури и самиот премиер, директно, неуко да ја напаѓаат понудената мерка на СДСМ за враќање на средната класа, тврдејќи дека сепак треба да создадеме фискална дисциплина и фискална организација за спроведување на таа мерка, а тоа се случува во моменти кога на големо се затвораат дуќани ширум Македонија и само по себе потврдува колку е успешна фискалната организација на системот на државата, одговори на денешната прес-конференција, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Заев вели се работи за многу пофер мерка, за подемократска, мерка со која што секој граѓанин ќе биде заинтересиран да придонесе во зголемувањето на својот сопствен буџет за 20 до 30 илјади денари годишно, мерка која што ќе пушти 130 милиони евра годишно пари кон граѓаните. Според него, секој граѓанин ќе биде на еден начин инспектор, човек кој што ќе бара фискални сметки преку која мерка повеќе ќе се изгуби потребата од затворање на дуќаните и секако со тоа губење на работни места.

Зоран Заев напомена дека предложената мерка на СДСМ придонесува за силно отстранување на нелојалната конкуренција каде што никој нема да купува производи од оние кои што не даваат фискални сметки, само по себе ќе го урамнотежи, ќе го направи фер пазарот за сите и со тоа нема да има црни пари како влез во било која фирма.

И што е многу важно, вели Заев, ако нема црни пари за влез во фирмите тоа ќе значи дека газдите нема да можат да даваат плата на црно, ќе мора да ги пријават сите работници со придонеси здравствени и социјални, а секако има одлични позитивни ефекти и врз царините и акцизите кои што се наплаќаат на производите.

Тој апелираше до власта да размисли за имплементирање на оваа мерка, и потврди дека доколку тоа не го направи, СДСМ кога ќе ја добие честа да ја води Република Македонија, веднаш во целост ќе ја имплементира.

Во врска со најавеното апсење на претседателот на Советот на Центар, Мирослав Шиповиќ, Заев вели се работи за демонстрација на сила и страв пред граѓаните.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.