Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со Критичка култура низ филмови, завршува фестивалот КРИК 03

0
By Нова ТВ on December 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 15, 2018 13:29

На годинашното издание на фестивалот КРИК во делот насловен: Критичка култура низ филмови, утре (недела, 16 декември) и на 17 и 18 декември, во Џебното кино во МКЦ ќе бидат прикажани три филма по избор на Петар Милат, публицист и филозоф од Загреб.

Се работи за филмовите „The Waldheim Waltz“ (2017) во режија на Ruth Beckermann, Araby (2017), режија João Dumans, Affonso Uchoa и Transit (2018), режија на Christian Petzold што премиерно се прикажуваат во Скопје.

16 декември (недела), Џебно кино МКЦ, 20 часот

„The Waldheim Waltz“ е филм за вистината и лагите или за „алтернативните факти“. Рут Бекерман го документира процесот на разоткривање на поранешниот генерален секретар на ОН, Курт Валдхајм. Тој покажува брза прогресија на нови обвинувања од страна на Светскиот еврејски конгрес за време на неговата претседателска кампања во Австрија, негирање од страна на австриската политичка класа, појава на антисемитизмот и патриотизмот,што конечно ќе доведат до негов избор. Создаден од меѓународниот архивски материјал и она што Бекерман го снимил во тоа време, The Waldheim Waltz го анализира колапсот на големата илузија на Австрија: дека биле првата жртва на нацистите.
Времетраење: 93 мин Земја: Австрија, 2018 Јазик: германски, англиски, француски.

17 декември (понеделник) Џебно кино МКЦ, 20 часот

„Araby“ е филм за Андре е осумнаесетгодишно момче кое живее во близина на фабрика за алуминиум во индустрискиот град Оро Прето, во југоисточен Бразил. Еден ден, по една фатална несреќа која се случила во фабриката, тој е пратен во домот на еден од загинатите работници, Кристијано, да собере дел од работите кои му припаѓале на работникот. Таму ќе најде весник, во кој се опишани последните години од животот на работникот, кој целиот свој живот го поминал во сиромаштија и социјално угнетување. Првиот филм, заедничка режија на Жоао Думас и Афонсо Ушоа, ја прикажува авантурата, љубовта и маките на Кристијано, еден фасцинантен лик кој со својот чувствителен поглед нè вo воведува стварноста на најзагрозената класа во Бразил.
Времетраење: 96 мин Земја: Бразил, 2017 Јазик: португалски

18 декември (вторник) Џебно кино МКЦ, 20 часот

Филмот „Transit“ беше во официјалната програма на Берлинале и на фестивалот „Браќа Манаки“. Германските трупи се пред портите на Париз. Жорж во последен момент бега во Марсеј. Багажот му се состои од оставината од писателот по име Вејдел кој се самоубил од страв од прогон. Неговата оставина се состои од ракопис, некои писма и уверение за виза од мексиканската амбасада. Влез во овој пристаништен град им се дозволува само на оние што можат да докажат дека ќе заминуваат, што значи дека ви треба дозвола за влез од потенцијална земја домаќин… Филмот се одвива во современ Марсеј каде што овие ликови од минатото се движат, на тој начин бегалци од минатото се среќаваат со бегалци од денешнината, историјата се сретнува со сегашност и се создава еден вечен транзитен простор…
Времетраење: 101 min. Земја: Германија 2018 Јазик: германски

Со оваа тридневна филмска програма завршува годинешното трето издание на КРИК – фестивал за критичка култура. Во 14 фестивалски денови во Скопје гостуваа светски познатите мислители Маурицио Лазарато, Алфредо Саад Фиљо и Крестон Дејвис, потоа активистите од FAIRCOOP и Bank of the Commons, потоа уметниците од Германија – Ангела Мелитопулос и од Словенија – Ника Аутор, како кураторката од Берлин, Катрин Бекер. Се одржа промоција на книгата „Мало фолио за театар“ од Иван Додовски на која учествуваа Милица Стојанова, Владимир Милчин, Никола Ристановски и Искра Гешоска, како и меѓународна дискусија за критиката во регионот со учесници од Македонија, Србија, Хрватска и Словенија. Во Скопје настапи култната музичка група „Millions of dead tourists“ од Грција. Беше презентиран меѓународниот проект „Простори на слободата“ на Гете институтите во Европа, на која гостуваше првиот човек на институцијата, Јоханес Еберт. Се одржаа две работилници за критичко пишување со Маја Ќириќ и Иван Додовски, а дискурзивната програма завршува вечерва (15 декември) со предавањето на Ана Вујановиќ, една од најзначајните авторки и кои ги спојуваат световите на критичката теорија и современите уметности. Разговорите со гостите од различните критички области ги модерираа Артан Садику, Елена Вељановска, Никола Гелевски и Бранимир Јовановиќ.

Фестивалот годинава ја обработуваше генералната тема: АЛЕРТ! – пред портите на моќта очекувајте исклучување.

КРИК – Фестивал за критичка култура се реализира во соработка со: Мутлимедијалниот Институт (MI2), од Загреб, kuda.org од Нови Сад, Berliner Gazette од Берлин, n.b.k. Video-Forum од Берлин, платформата Светот околу нас – критиката во регионот, организирана од партнерските организации kulturpunkt.hr и Kurziv (Хрватска), SEECult (Србија), SCCA – Љубљана (Словенија), Проектниот простор Прес ту егзит (Македонија).

Контрапункт – асоцијација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи културни практики и КРИК – фестивал за критичка култура се поддржани од: Гете-институт Скопје, Министерство за култура на Република Македонија, Фондација отворено општество – Македонија, Фондацијата Култура нова од Хрватска и Креативна Европа 2014 – 2020.

Логистички партнери на фестивалот се: НУ Музеј на современа уметност – Скопје, Младински културен центар и порталот окно.мк

Постојани стратешки партнери на Контрапункт и на КРИК се: МаМа од Загреб и kuda.org од Нови Сад.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.