Според полицијата, сообраќајката во Кисела вода во која животот го загубија петмина млади луѓе е најтешка сообраќајна несреќа со најголем број загинати на територијата на град Скопје.
Како што јави телевизија Телма, Град Скопје ќе чека да заврши полицискиот увид па тогаш ќе одлучат дали утрешниот ден ќе биде поргласен за ден на жалост.
Изутринава во три часот во тешка собраќајна несреќа на лице место загинаа братучедите Александар и Борче Стаиќ, Горан Ѓоргиев, Живко Колев и Филип Биркаш, сите на возраст од 27 и 28 години, враќајќи се од ергенската забава на својот пријател, со својот автомобил БМВ излетале од Јужниот булевар и удриле во зградата на Пазарната инспекција.
Во моментот кога се случила сообраќајната несреќа околу немало други возила. Полицијата ја информирал чуварот на инспекторатот кој бил изненаден од бучавата при ударот. Според првичните сознанија на полицијата возилоо се движело со брзина од 200 километри на час.
Автомобилот марка БМВ бил во сопственост на 28-годишиот Александар Стаиќ Од Кисела Вода кој управувал со него. Во повеќе искршени парчиња автомобилот денеска беше извлечен од местото на несреќата.



