Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Манчевски: Сигналот за узбуна на Илинденска бр.2 е вклучен

0
By Нова ТВ on October 12, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 12, 2013 11:18

„Генијалците во раководството на МВР тврдат дека постои функција „престедавач“ на Управен одбор, не претседател туку претседавач…веројатно според овие „генијалци“ постои и претседавач на синдикат, претседавач на Влада или зошто да не претседавач на држава“, пишува во својата колумна, Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

Осврнувајќи се на акцијата на МВР според која во „Машинопромет“ се работело криминално, а главноосомничениот, претседателот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ е во бегство, Манчевски вели апсолутно се докажува дека истрагата е политички мотивирана.

– „Генијалците“ сами кажаа дека истрагата против Шиповиќ ја воделе долг временски период и не била политички мотивирана. Шиповиќ е претседавач на Советот на Општина Центар едвај четири месеци, додека делото за кое го сомничат е од 2010 година. Имајќи го во предвид оперативното име на истрагата, апсолутно се докажува дека истрагата е политички мотивирана, потенцира потпретседателот во својата колумна.

Според Манчевски, ова е показател дека со Македонија, а особено со МВР, „раководат уличарски структури од 80-те и 90-те години на минатиот век, кои не баш многу милуваа да седат на часови, бидејќи беа зафатени со делење на гратиси за во диско“.

Дамјан Манчевски во својата колумна наведува дека нервозните реакции на премиерот Груевски околу Центар произлегуваат од тоа што Премиерот „нема да престане да се фрустрира што катастрофално изгуби во Центар. И со Пустец и со братучед му Мијалков директно на терен и џабе му беше“, пишува тој.

Ревизијата на Скопје 2014 покажа сериозен и масовен криминал, така што и новиот затвор што почна да се гради во Идризиво нема да биде доволен да ги прими сите „Претседавачи“ на влади, министерства, општини и разно разни комисии кога ќе има сериозна официјална истрага за овој проект. Затоа Груевски е во паника и ќе направи се само за да ја блокира работата на општината и си купи уште малку време за прикривање на доказите, пишува подолу во колумната.

Тој вели, на чело на ДПМНЕ е последниот транзициски политичар во Македонија, а сигналот за узбуна на Илинденска бр.2 е вклучен, бидејќи според анкетите опозицијата им дише во врат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.