Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пет месеци помала плата за лекарите од Ургентна медицина

0
By Нова ТВ on October 12, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 12, 2013 12:14

Дисциплинската комисија на Клиничката болница во Битола ги казни лекарите и сестрите од Ургентна медицина кои дента кога почина Јорго Ангеловски биле на смена, го примиле и му укажале лекарска помош. Тие во следните пет месеци ќе добиваат 20 отсто помала плата, јавува „Нова Македонија“.

Казната доаѓа откако првичниот состав на комисијата беше разрешен затоа што осомничените за смртта на битолчанецот ги казни со јавна опомена.

Вработените во службата, кои веќе два месеца се суспендирани и не одат на работа, имаат прво на жалба.

Првиот човек на Лекарската комора, д-р Гоце Чакаревски, вели дека во овој момент, кога против вработените во службата се води и кривична постапка, не сака да се изјаснува за нивната вина.

– Нашата работа е таква. Без да навлегувам кој и колку е виновен за смртта на Јорго Ангеловски, мислам дека токму овој случај треба да ни биде последна опомена за да се осигуриме во осигурителните компании од можни грешки во вршењето на нашата лекарска дејност. Нашата работа е специфична. Лекар може во својата кариера да спаси десетици и десетици човечки животи, но еднаш да згреши и да плаќа цел живот – вели Чакаревски.

Паралелно со дисциплинската постапка за вработените во службата за ургентна медицина за смртта на Јорго Ангеловски се води и истражна постапка за евентуалната вина, а техничарот на службата З.Д. е обвинет за кривичното дело убиство од небрежност.

Јорго Ангелевски почина од несоодветната терапија што ја добил во службата за ургентна медицина во Клиничката болница во Битола, каде што наместо инфузиски раствор, како терапија за прочистување на желудникот му било дадено средство за дезинфекција, со кое хигиеничарките во службата вообичаено го чистеле подот на болницата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.