Време е како православни народи да престанеме меѓусебно да се уништуваме и непризнаваме да престанеме со омаловажувањата и навредите на едни кон други како што деновиве слушнавме навреди кон нашата Света црква упатени од Ниш преку паушалниот и тенденциозен превод на вселенскиот патријарх Вартоломеј, од страна на преведувачот кому ова за жал не му е прв пат, апелира поглаварот на Македонската православна црква Охридска архиепископија Г.Г Стефан, по потегот од страна на портпаролот на Српската православна црква, епископот Иринеј кон МПЦ.
Кон натамошното негирање на македонската црква, поглаварот нагласи дека не ни останува друго освен да веруваме и ја негуваме верата а останатото да му го препуштиме на Бога.
Г.Г Стефан ги потсети останатите православни цркви на патот до автокефалијата , кој бил сличен на нашиот и дека не треба да се отвараат паралелни цркви со хоштаплери и криминалци.
Поглаварот на МПЦ овие пораки ги упати од осветувањето на почетокот на градбата на нова црква во општина Бутел, посветена на Свети Јован.




