Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димовски:Мерката на СДСМ за враќање на ДДВ е рекламна измама

0
By Нова ТВ on October 12, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 12, 2013 16:39


Директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски денеска на прес-конференција ја нарече мерката на СДСМ за враќање на ДДВ класична утка, незнаење и рекламна измама.

Во изјавата Димовски ги коментира податоците на потпретседателот на СДСМ, Ванчо Узунов:

-Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и потпретседателот на СДСМ, Ванчо Узунов, очигледно неможат да се договорат на што се однесува оваа мерка. Имаат мешавина во изјавите. Зоран Заев вчера вели дека секој граѓанин ќе добивал поврат на ДДВ во висина помеѓу 20 и 30 илјади денари, а денес Ванчо Узунов вели дека не секој граѓанин, туку секое семејство ќе добива повраток на ДДВ помеѓу 20 и 30 илјади денари.

Но тоа што првиот и вториот човек на СДСМ зборуваат различни работи и не се усогласени нас не не интересира, тоа е нивен проблем кој говори за хаосот и несериозноста која владее во СДСМ. Ние, исто како и Ванчо Узунов денес, вчерашната изјава на Заев ќе ја земеме како нерелевантна и како уште една од редицата лапсузи. На денешната прес конференција ќе ги анализираме податоците кои што ги кажа Ванчо Узунов, а се однесуваат на пресметка дека секое семејство, а не секој граѓанин ќе го добие овој поврат на средства.

Прво, Ванчо Узунов вели дека во Република Македонија се собираат вкупно 45 милијарди денари по основ на ДДВ. Но, нивната мерка се однесува на поврат на ДДВ исклучиво кон физички лица за платен данок од нив. Би сакале да потенцираме дека најголем дел од овие 45 милјарди денари, односно околу 60% е резултат на внатрешниот промет помеѓу правните субјекти, односно фирми, институции и слично. Тоа говори дека само 18 милјарди денари ДДВ е собран како директна наплата од физичките лица и дека само тие средства може да се пресметуваат како основа за поврат на ДДВ, а не како што велат 45 милијарди денари.

Втор податок со кој денеска манипулира Узунов е дека даночното затајување е 35 %. Ова е бројка истресена од ракав. Нема институција што може да измери колку данок е затаен. Но, ако земеме дека е точно тоа ќе значи дека скоро пола држава не плаќа ДДВ, што не е возможно и не е точно.

Овие два податоци говорат дека вкупната сума од која би се враќал 15% ДДВ на граѓаните не е 55 милјарди туку во овој момент е околу 18 милјарди денари.

Дополнително, официјалната статистика говори дека во Република Македонија има 564 237 домаќинства, односно семејства. Недозволиво е да се тресат податоци од ракав дека имло само 355 000 семејства за да на крај некако ви излезе оваа луда математика.

Трет податок кој што ниту Узунов, ниту Заев не сакааат да го споменуваат е фактот дека огромен број од прометот, односно трошокот на секое просечно семејство е за намирување на основните потреби, како на пример храна (месо, сирење, мелко, јајца, зеленчук, овошје, брашно, масло, шеќер и слично), комунални услуги (бода, канализација, смет), лекови, медицински помагала, превоз, весници, книги, компјутери, станови и ред други. Сите овие набројани стоки и услуги се оданочуваат по повластена даночна стапка од 5% што во финалната вкупна вредност на платен ДДВ драстично ги намалува вредностите.

Четврт податок. Во Република Македонија постојат 54 илјади субјекти кои поседуваат фискални каси. Од нив само 17 700 се регистрирани како ДДВ обврзници и го внесуваат ДДВ-то на фискалните сметки. Останатите, повеќе од 36 илјади субјекти, а тука спаѓаат помали продавници, бербери, трафики, пиљари и слично, во своите фискални сметки не го калкулираат ДДВ-то. Тоа значи дека фискалните сметки од овие повеќе од 36 илјади субјекти на граѓаните нема да им значат ништо, бидејќи врз основа на тие фискални сметки нема да можат да направат поврат на ниту еден единствен денар. Тоа што ефектуирањето на ваквата мерка би значело нееднаквост на правните субјекти, нелојална конкуренција наметната од државата и очекувано затворање на поголем број од овие мали бизниси е страшно, но веќе беше коментирано и образложено од наша страна.

Петти податок. Основните режиски трошоци како што се сметките за струја, вода, телефон, парно се издаваат во вид на фактура и за нив според Законот субјектите се ослободени да издаваат фискални сметки. Тоа значи дека по основ на плаќање на овие основни, но најзначајни и најобемни трошоци на секое просечно семејство граѓаните исто така нема да можат да направат ниту еден единствен денар поврат на ДДВ.

За да бидеме појасни и поразбирливи за секој граѓанин ќе се обидеме со бројките кои што Ванчо Узунов ги презентираше да направиме модел за секое просечно семејство.

Ванчо Узунов вели дека секое семејство ќе добие по 23 500 денари, што би било 15% од вкупната сума на ДДВ што тоа семејство го платило во текот на една година. Сумата на платен ДДВ од едно семејство според моделот на СДСМ би требало да изнесува 156 666 денари годишно. Да претпоставиме дека тоа просечно семејство половина од платениот ДДВ го реализирала со фискални сметки за основните стоки и услуги како на пример храна (месо, сирење, мелко, јајца, зеленчук, овошје, брашно, масло, шеќер и слично), комунални услуги (бода, канализација, смет), лекови, медицински помагала, превоз, весници, книги, компјутери, станови и ред други и тоа под услов за се што платиле да добиле фискална сметка со вкалкулиран ДДВ од помалкуте на број правни субјекти кои се регистрирани како ДДВ обврзници. Втората половина од платениот ДДВ, или 78 333 денари би претпоставиле дека е платена по стапката од 18% за останатите трошоци.

Резултатот би бил следен. Секое просечно семејство би требало да потроши, односно прикаже фискални сметки за стоки и услуги, платени со даночна стапка од 18% во вредност од 435 183 денари, а платени по даночна стапка од 5% во вредност од 1 566 600 денари. Вкупно секое просечно семејство според логиката на СДСМ за да добие 23 500 денари поврат, би требало во текот на годината да потроши 2 001 783 денари или 32 655 евра. Односно, секое просечно семејство според логиката на СДСМ ќе треба да троши 2 721 евра месечно, што пак од друга страна е скоро 8 просечни плати.

Е такви просечни семејства кои што можат да си дозволат да трошат 2 721 евра месечно има само во врвот на СДСМ. Во Македонија граѓаните живеат поскромен живот од тоа што очигледно живее раководството на СДСМ.

Сите овие бројки говорат дека првата и најзначајна мерка од долго најавуваната програма на СДСМ е класична утка, незнаење и рекламна измама. Раководството на СДСМ премногу се опуштило припремајќи ја програмата во луксузниот хотелски комплекс Аурора во Берово па си дозволила да пишуваат и предлагаат мерки кои што се само израз на нивното незнаење, ароганција и неодговорност, изјави Димовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.