Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дескоска: Конечно ги имплементиравме препораките за судовите

0
By Нова ТВ on December 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 20, 2018 14:35

Министерката за правда Рената Дескоска денеска нагласи дека конечно, по четири години, се имплементирани препораките на Венецијанската комисија што се однесуваат на Законот за судови.

– Венецијанската комисија во својот одговор изразува задоволство од одличната соработка меѓу Владата и Комисијата. Истакнуваат дека текстот на Законот за судови сега е многу појасен, внатрешно покохерентен и подобро го изразува европскиот пристап на одговорност на судиите, посочи Дескоска, откако наведе дека претходно до Комисијата бил доставен текстот што го усвои Владата за нацрт-законот за судовите.

Истакна дека во текстот се наведува оти нивните препораки се соодветно имплементирани, нагласувајќи дека во реформските приоритети што се добиени како задача во процесот на евроинтеграции, особено значајно место има позитивната оценка на Венецијанската комисија за законот за судови.

– Се заоструваат критериумите за избор и напредување на судиите, се овозможува судиите кои ќе бидат предавачи на Академијата за судии и јавни обвинители да ја извршуваат судската функција во намален обем, се проширува листата на позиции заради кои може да мирува судската функција и се воведува можност судиите да работат до 67 години, дел од клучните измени кои ги наведе Дескоска.

Посочи дека како потешки дисциплински повреди, за што може да се поведе постапка за разрешување на судија се утврдени: потешка повреда на јавен ред и мир и други посериозни форми на недолично однесување со која се нарушува угледот на судот и неговиот углед, грубо влијание и мешање во вршењето на судска функција на друг судија, ако одбие да поднесе изјава за имотната состојба и интереси согласно закон или ако податоците содржани во изјавата во голема мера се невистини…

– Ако е осуден со правосилна судска пресуда на казна пониска од шест месеци, а која е директен резултат на постапување во вршење на судска функција, намерно или со свесна небрежност, ако земе во работа предмет што не му е распределен преку автоматизираниот компјутерски систем за управување со судски предмети во судовите и  ако намерно и неоправдано направи крупна професионална грешка, при што различното толкување на правото и фактите не може да претставуваат основ за утврдување на одговорноста на судијата, истакна Дескоска, како дел од клучните измени на Законот за судии кои се однесуваат на нестручно и несовесно вршење на судска функција заради кое може судија да биде разрешен.

Посочи дека за утвредена одговорност на судијата, Советот може да изрече дисциплински мерки: писмена опомена, јавен укор  и намалување на плата во висина од 15 до 30 проценти од месечната плата на судијата од еден до шест месеци.

Венецијанска Комисија Дескоска Закон за судови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 5, 2026Updated:June 5, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

ВЕСТИ June 5, 2026

Во изјава за „Дојче Веле“ од самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, бугарскиот премиер Румен Радев…

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.