Published: Saturday, October 12, 2013 23:53
Поради технички проблеми врзани со линковите Македонската телевизија не го пренесуваше финалето на фестивалот „Макфест“ на првата програма и наместо тоа, емитува филм.
Според некои информации, ќе се емитувала снимка утре со почеток во 14.30 часот. Организаторите, како што јавуваат македонските медиуми, се разочарани и велат дека ваков скандал досега не се случил на „Макфест“.
Инаку, МТВ оваа година официјално информираше за техничко и технолошко усовршување на јавниот сервис.




