Едно лице загина денеска во пукање во центарот на Виена и еден е ранет. Според медиумските извештаи, се работи за престрелка во еден од најпознатите виенски ресторани во срцето на Виена. Толпа луѓе во паника се разбегала по улиците, додека полицијата е во потрага на напаѓачот.
Околностите за пукањето се уште не се познати, но полицијата сепак известила дека не верува дека станува збор за терористички акт и дека не постои дополнителна опасност