Во Македонски шуми, зад параванот на социјални вработувања, остваривте, ама тесно-партиски интереси. Тажно и срамно! Поигрувајќи се со надежта на најранливата категорија граѓани – социјалните случаи, изјави Хари Локвенец, член на Извршен одбор на СДСМ обраќајќи им се на премиерот Груевски и министрот Ставрески.
Тој од нив побара јавни одговори на следниве прашања:
– Како меѓу вработените од Гостивар, во групата, внимавајте, на самохрани родители, е вработен член на ВМРО-ДПМНЕ, кој има сопруга? Сопственичка на фризерски салон. А и тој самиот има приватна фирма?
-Како, според нашите податоци од теренот, од Свети Николе се вработени 21-но лице, сите до еден поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ?
– Како од Карбинци е вработено лице кое веќе работи во конфекција, кој има сопруга, која исто така зема плата од работа во конфекција? Со нив живее и мајка му која прима пензија, а поседуваат и сопствен автомобил? Или, од истата општина, е вработен човек кој живее со мајка пензионерка, работат ниви, имаат стан во Штип и автомобил? И сите се членови на ВМРО-ДПМНЕ?!
– Како од двете вработувања во Вевчани и двете се членки на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ? Едната и претходно вработувана со договори за дело во јавни претпријатија за партиски заслуги?
– Како од 44-рицатата примени од Охрид, во Македонски шуми, 9-мина воопшто не постојат? Исто како што меѓу 30-темина примени од Струмица, дури 12 НЕ ПОСТОЈАТ? Воопшто не постојат нивните имиња!
„Веќе соопштивме за партиски вработувања во Струмица, Кичево, Делчево и Гевгелија. Имаме уште податоци за вакви примери и во други делови од земјата“, потенцираше Локвенец.
Според СДСМ, бројката од пријавените 23 илјади граѓани за вработувањата во Македонски шуми покажува дека власта на ВМРО-ДПМНЕ продуцира сиромаштија, која е и предмет на манипулации на истата оваа власт.
СДСМ ја повика Владата да ги објави рангирањата на сите 23 илјади пријавени кандидати, вклучувајќи ги и 1600-те вработени, но тоа до овој момент не се случи.
Aко не се достапни базите на податоци, како ќе се знае дека навистина се вработени 1600-тини лица?




