Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УМС на ВМРО ДПМНЕ: Мицкоски најави победа на претседателските избори

0
By Нова ТВ on December 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 24, 2018 08:38

Претседателот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја обвини власта за манипулирање на народот зашто му дава лажна надеж, дека води политика „купи ден помини“, со која економијата пропаѓа, правниот систем се распаѓа, а младите масовно се иселуваат не гледајќи иднина во својата земја.

Мицкоски синоќа се обрати на годипшната конференција на партискиот подмладок, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

– На Македонија ѝ се случува Зоран Заев, презиме персонификација и синоним на сите црнила, неправди, сиромаштија, порази, неуспеси на оваа наша земја…. Не може да биде годината што изминува успешна ако знаеме дека посегнаа во за нас најсветото – по името на нашата татковина и по нашиот идентитет, со целосно газење на волјата на народот, рече Мицкоски.

Ја критикуваше економската политика, со заклучок дека оваа година била неуспешна, а идната, рече, ќе биде катастрофална, задолженоста на земјата станува рекордна, а по индексот на корупција е на 112 место.

Но ова е и време, според него, кога народот излегува од бунило.

– Мора самиот да им стави крај на сите злоупотреби кои ја разнебитија нашата заедничка татковина, нашата заедничка чест. Македонија се движи по црвена линија, помеѓу пропоста и очајот – или ќе се обединиме за да ја спасиме, или ќе се разделиме и распрснеме, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

За партијата што ја предводи рече дека е веќе на нозе и меѓу народот и, како што рече, ќе ја донесе искрата на зората што ќе ги потисне црнилата.  Само обединети, рече Мицкоски, ќе успеат да победат на претседателските, а потоа и на предвремени парламентарни избори.

За сегашниот претседател на УМС Јован Јаулески, Мицкоски кажа дека Унијата ја води во најтежок период кога младите се на маргините и ја планираат иднината надвор од државата.

Јаулески, кој по оставката на Лука Кржалоски во октомври стана в.д. претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека изминатата е година на многу предизвици, но дека Унијата е подготвена да ги надмине.

-Ветуваа младинската гаранција за вработување, но изгледа чекаат сите да се иселат од државата во која работа има само за деца на функционери на СДСМ, рече Јаулески, а додаде и дека животот на младите е загрозен и тие се небезбедни на улица, спомнувајќи го убиството на Никола Саздовски-Саздо.

-Затоа немаме друг избор, рече тој, туку да се обединиме против оваа несреќа. Сакаме перспективна иднина, здраво општество со европски вредности, истакна Јаулески.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.