Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промовиран нов портал за отворени податоци на институциите

0
By Нова ТВ on December 24, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 24, 2018 13:43

Граѓаните, граѓанските организации, бизнис секторот од денеска ќе можат да ги користат податоците од нов портал за отворени податоци на државните и локалните институции data.gov.mk што беше промовиран во Владата. Тој, меѓудругото, треба да ја зголеми транспарентноста на институциите, подобрување на услугите и ефикасноста на јавниот сектор, да ги вклучи граѓаните во креирањето политики, како и да обезбеди нови можности за бизнис секторот.

– Она што сакаме да го постигнеме со отворањето на овој портал е да ја подобриме испораката на услуги и ефикасноста на јавниот сектор. Тој овозможува и зголемување на учеството на граѓаните при креирањето на политиките, но и при анализа на резултатите од она што ние го правиме.  Наша главна заложба како министерство е да ги донесеме услугите до граѓаните и тоа е многу полесно отколку физички нив да ги носиме до институциите. Ова е само еден од механизмите како може тоа да го направиме, рече министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Тој информира дека засега на порталот 42 институции имаат свои информации, поделени во 103 податочни сетови. Полнењето на порталот, рече, е процес што никогаш нема да заврши затоа што постојано ќе има нови и нови податоци кои ќе треба да се отворат за граѓаните.

Министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски смета дека отворените податоци, освен што придонесуваат за зголемување на транспарентност и отчетноста се силен поттик за економски и социјален развој на државата. Порталот, рече,  порталот ќе ја унапреди информираноста и низ партнерство со различни засегнати страни ќе доведе до подобрување на испораката на услуги и ефикасноста на јавниот сектор.

-Тој треба да овозможи и поголема вклученост во градењето на политиките на државата, да помогне во борба против корупцијата, но и да обезбеди нови можности и за бизнис секторот. Објавените податоци овозможуваат и поттикнуваат независна анализа на владините политики и информации, рече Поповски.

Амбасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј смета дека секоја државата треба да го користи дигиталниот пристап кога станува збор за пристап до податоците, и да биде во чекор со современите технолошки достигнувања и развој. Како јавни институции, потенцира, наша обврска е  отворените податоци да ги направиме што е можно поотворени, а се во интерес на секојдневниот живот на граѓаните.

-Пристапот на отворена влада е нешто што е незаменливо кога станува збор за транспарентност и отчетност на јавните институции. Порталот што го промовираме денеска би требало да го зголеми и олесни пристапот до информациите до граѓаните, а истовремено да ги вклучи и ангажира нив да придонесуваат во начинот на развојот на политиките, рече амбасадорката.

Неда Малеска од Центарот за управување со промени вели дека идејата за ваков портал е добра и оти тој е значаен и за граѓаните, за граѓанскиот сектор, но и за бизнисот. Владата, потенцира таа, треба да има слух за барањата на граѓаните и граѓанските организации кои податоци им се потребни, а особено внимание треба да се посвети на податоците од локалните самоуправи, како најблиски до граѓаните.

На промоцијата беше истакнато дека постоењето ваков портал, не менува ништо во однос на можностите за барањето на граѓаните за пристап до информации од јавен каракер.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.