Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗНМ: Во 2018 година нема напредок во медиумската сфера, туку уназадување

0
By Нова ТВ on December 25, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 25, 2018 13:42

И покрај промената на власта во 2018 година нема сериозни промени во медиумската сфера во однос на правната рамка за слободата на медиумите и позицијата на новинарите во редакциите, се оценува во Годишниот извештај на ЗНМ за показателите за степенот на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во Македонија.

На денешната презентација на Извештајот, извршниот директор на ЗНМ Драган Секуловски истакна дека Владата не успеа да ја подобри медиумската регулатива што беше долго време најавувана, бидејќи, како што посочи, измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој требаше да создадат подобар амбиент за работата на медиумите се уште не е усвоен во Собранието. Според него, охрабрува тоа што власта и опозицијата се блиску до договор и се очекува законот да биде донесен до крајот на годината.

-Во 2018 година не само што немаше подобрување на законската медиумска легислатива имаше дури и одредено назадување. Во текот на летните одмори без дебата и нетранспарентно Владата ги усвои измените на Изборниот законик и Законот на финансирање на политичките партии со кои се овозможи на парламентарните партии да трошат јавни пари за финансирање на медиумскат аполитичка пропаганда за време на изборна кампања и референдум. Ваквите измени ќе имаат негативно влијание врз слободата на медиумите, бидејќи тоа е заобиколен начин за враќање на владините реклами со кои во минатото претходната власт ја купуваше наклонетоста на медиумите и влијаше врз нивната уредувачка политика, истакна Секуловски.

Тој посочи дека постои и неусогласена судска пракса за законот за клевета. Во однос на безбедноста на медиумите, рече дека годинава има одредено подобрување бидејќи бројот на напади врз новинари е намален за трипати, а донесени се и првите судски пресуди против оние што напаѓаа новинари во минатото. Имено, за разлика од лани кога се забележани 18 напади врз новинари во 2018 се регистрирани шест напади.

Сепак, според Секуловски политиката на неказнивост во Македонија има длабоки корени, затоа што од вкупно досега регистрирани 59 напади разрешени се само два. Во извештајот се нотира и дека нема подобрувања ниту во однос на позицијата на новинарите во редакциите, професионалната етика и нивото на цензура.

-Во Македонија речиси пола од новинарите имаат помала плата од државниот просек кој изнесува околу 24.000 денари. Мнозинството новинари немаат договори за вработување на неопределено време, а 19 отсто се привремено ангажирани како  хонорарни работници. Над 55 отсто од новинарите им доцнат платите, рече Секуловски.

Годишниот извештај за показателите за степенот на слобода на медиуми и безбедност на новинарите во Македонија е изготвен во рамки на проектот „Регионалната платформа на Западен Балкан“ и финансиран од Европската комисија.

Годишен извештај ЗНМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 31, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

ВЕСТИ May 31, 2026

Израелските воени сили ја презедоа контролата врз стратешки важната планина на југот на Либан, каде…

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.