Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џолев ќе каже дали Кацарска ќе одлучува за барањата за амнестија

0
By Нова ТВ on December 25, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 25, 2018 14:42

Во скопскиот Кривичен суд до до 15 часот поднесени се 62 барања за амнестија на лица кои се опфатени во предметите со настаните од Собранието на 27 април минатата година.

Од поднесените барања 57 барања, 27 се за предметот „27 април“, кој е во доказна постапка, а во кој се обвинети 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста и двајца за помагање. Барања за амнестија до Судот поднеле и 30 лица од Одделот за кривично полнолетни.

Рокот за поднесување барања за амнестија, како што посочи на денешниот брифинг со новинарите претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, истекува вечерва на полноќ.

До Судот била доставена и една изјава од обвинет за „27 април“ дека нема да бара амнестија.

На едно од рочиштата за „27 април“ Јане Ченто кажа дека нема да поднесе барање за амнестија, како и Игор Југ, кој посочи дека не сака да му судат политичките елити, туку судот.

На брифингот беше посочено дека вкупниот број на лица опфатени со сите случаи поврзани со „27 април“ се движи околу 70.

Судот кога ќе ги прибере барањата за амнестија треба да ги испрати на мислење до Обвинителството, кое не е врзано со рок за произнесување по истите.

Како што претседателот Џолев истакна на денешниот брифинг, неговото лично мислење е дека Кривичниот совет е надлежен за предметите за кои веќе има пресуда, а за предметите кои се во тек, како „27 април“, надлежноста да ја има судечкиот совет, односно судијката Кацарска.

-Во спротивно би се извршил упад во независноста при носењето на мериторна одлука, вели претседателот Џолев.

Тој потврди дека судијката Кацарска дава отпор, односно смета дека таа не треба да ги носи одлуките за тоа кој ќе биде амнестиран, но потенцира дека на крајот тој ќе пресече, односно ќе донесе одлука која ќе мора да се почитува.

По одлуката на Кривичниот суд, обвинетите и осомничените ќе имаат право на жалба пред Апелацискиот суд во рок од три дена.

Законот за амнестија во четвртокот минатата недела беше објавен во Службен весник на Република Македонија, откако на него беше ставен потпис од претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.

Македонското Собрание го донесе на 18-ти овој месец по скратена постапка со 95 гласа „за“, без против и воздржани.

Согласно Законот , амнестијата нема да ги опфати организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје, како и службените лица кои ги пречекориле службените овластувања.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.