Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Невладините против новиот директор на НП Галичица: Стручен, а не партиски кадар

0
By Нова ТВ on December 26, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 26, 2018 13:51

Неколку невладини организации и граќански здруженија од Координативно тело за соработка со институции кои имаат надлежности во сектор животна средина и клима денеска реагираа на одлуката на Владата за смена на сегашниот в.д. директор на националниот парк Галичица, Андон Бојаџи и поставувањето на Васко Паскали на оваа функција.

Тие потенцираат дека за соодветно управување со заштитените подрачја во земјава, потребни се стручни кадри со искуство во областа на раководни позиции кои ќе носат одлуки за унапредување на подрачјето.

-Преку медиумите дознавме дека со одлука на Владата на РМ е разрешен сегашниот в.д. директор на НП Галичица- Андон Бојаџи, дипломиран шумарски инженер за кого знаеме дека има 25 годишно искуство во националниот парк како раководител на секторот природа и вистински ја познава областа за чие унапредување искрено и се залага. Г-дин Бојаџи е дел од тимот во речиси сите проекти за прекугранична и меѓународна соработка на паркот во насока на заштита и унапредување на природните богатства на регионот во кој работи. Во последните неколку години токму тој се залага за обезбедување самоодржливост на НП Галичица преку обезбедување финансии од еколошки туризам наместо од сеча на дрвја како што тоа беше пракса досега.  На негово место со одлука на Владата на Р.М. е назначен г-дин Васко Паскали кој е дипломиран правник, укажуваат од невладините организации.

За претходниот директор на националниот парк Галичица потсетуваат дека имал многу „ризични одлуки кои можеа да значат загуба на цели живеалишта“.

-Во 2015 година тогашниот директор на паркот одобри цела низа инфраструктурни проекти како ски ресорт и автопат во строго заштитените зони на НП Галичица покажувајќи ни уште еднаш дека доколку сакаме заштита на природните богатства мора да имаме стручен кадар на овие позиции.  Ја прашуваме Владата, зошто во случајов не е запазена законската постапка за избор на нов директор на паркот уредена со Законот за природа во член 141 каде јасно пишува дека директорот на ЈУНП се избира преку јавен оглас за вработување кој треба да биде објавен во најмалку три дневни весници кои се издаваат на територија на цела РМ и зошто се откажува од успешни и стручни менџери кои одржливо управуваат со природните ресурси, се вели во реакцијата.

Невладините организации и граѓански здруженија од областа на заштитата на животната средина и клима, бараат да се ревидира одлуката на Владата и да се испочитува предвидената постапка предвидена со законот и бараме со вакви позиции да раководат луѓе кои се стручни во својата област и имаат докажано искуство во заложбите за заштита и унапредување на заштитените подрачја.

Вработените во НП Галичица најавија штрајк

Пред два дена, вработените во националниот парк „Галичица“  одржаа протестен собир токму поради смената на раководната позиција во националниот парк.

Фото: Телма

Како што за НОВА изјави претставник на вработените, прекршен е Законот за работни односи и поради тоа што разрешувањето на стариот и именувањето на новиот директор е направено без никакво образложение. Тие побараа потписникот на решението за именување на новиот директор, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски или претседателот на Општинскиот огранок на СДСМ кој според нив стои зад ваквото кадровско решение, да им ја објасни одлуката.

За новоименуваниот директор Васко Паскали велат дека е висок партиски функционер во охридскиот штаб на социјалдемократите.

Тие најавија штрајк се додека не се исполнат нивните барања да им биде објаснето зошто на местото на искусни и професионални кадри се носат партиски без искуство во областа која им е доверена како одговорност.

Влада: Постапката за избор е запазена

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска изјави дека постапката за назначување на директор на Националниот парк „Галичица“ е целосно запазена.

– Се работи за в.д. директор кој претходно беше поставен, што значи вршител на должност. Одлуката е донесена на минатата владина седница во петокот, рече Бошњаковски по редовната прес-конференција што секоја среда се одржува во Владата.

невладини нов директор НП Галичица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.