Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕКСКЛУЗИВНО:Клучните точки во извештајот на ЕК за Македонија

0
By Борјан Јовановски on October 14, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 14, 2013 13:37

Препораката за преговори останува, но влошен е меѓународниот углед на Македонија по прашањето на слободата на медиумите, а корупцијата е и понатаму сериозен проблем во државата.

Во Брисел два дена пред објавувањето на годинешниот Извештај за напредокот, комесарите се уште одлучуваат дали и на кој начин, ЕК треба да учествува во поддршка на процесот за изнаоѓање на решение за името.

Една од опциите е на комесарот Фуле во овој процес да му се приклучи и шефицата на европската дипломатија Кетрин Аштон. Другата варијанта за која се разговара во моментов е дали воопшто ЕК да има улога во овој процес.

Другите делови на извештајот се веќе утврдени. Препораката за почеток на преговорите останува. Слободата на медиумите е и оваа година една од клучните точки.

Во извештајот се наведува дека е влошена меѓународната репутација на Македонија по прашањето на слободата на медиумите. ЕК бара да се обнови дијалогот меѓу власта и ЗНМ и тој дијалог да обезбеди конкретни резултати во насока на подбрување на медиумската култура.

Извештајот исто така констатира поларизација во медиумскиот простор по политички линии, која го спречува развојот на објективното новинарство и врши економски притисок врз медумите и нивните сопственици. Состојбата е влошена особено по, како што се вели во извештајот, насилното исфрлање на пратенците од опозицијата и новинарите од Собранието на 24 декември минатата година. ЕК бара целосно имплементирање на мартовскиот договор.

Во делот на економијата се констатира макроекономска стабилност, но и зголемување на трговиот дефицит и јавниот долг. ЕК исто така оценува дека невработеноста особено кај младите е загрижувачки висока и бара Владата да преземе мерки за да се поправи ситуацијата.

Во делот на добрососедските односи ЕК повторно бара да се избегнуваат дејствија и изјави кои негативно влијаат на развојот на добрососедските односи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.