Заборавите ги вашите меѓусебните несогласувања, раздори и заговори, затоа, смирувајте се, честитајте си и однесувајте се на исламски начин, им порача денеска Реис ул Улема Сулејман ефенди Реџепи честитајќи им го Курбан Бајрам на муслиманските верници.
„Кај Аллах не стигнува ниту месото нику крвта на курбанот, кај него пристигнуваа само вашето верување. Нашата благодарност му припаѓа на семоќниот Алах, кој ни овозможи да го доживеме големиот празник Курбан Бајрам, а по овој повод имама посебна чест, во име на Исламската Верска Зеадница и во мое лично име, да ви го честитам овој голем муслимански празник, со молба до милостивиот за помош, спокојство, здравје и среќа“, се вели во честитката од Реисот.
Курбан Бајрам е празник на славење на извршувањето на петти исламски столб-Хаџот, кој во едно е собир на сите муслимани во светите места, а меѓу нив хаџии и од нашата земја.
Затоа овој празник треба да се користи за извршување на пораките на нашиот заеднички Створител, а тоа е да се запознаеме меѓу себе, да чиниме добро и да се сакаме а не да се мразиме, вели во пораката до верниците поглаварот на ИВЗ.
„Вие што имате материјална можност да колите Курбан, чинете го тоа во име на Возвишениот Алах и овој празник ќе биде по свечен низ вашето приближување и солидарност, немојте да дозволите вашиот брат, вашиот комшија, вашиот пријател и сиракот да ја чувствуваат вашата негрижа“, истакна Реисот.




