Published: Friday, December 28, 2018 14:32
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски не верува во Специјаното јавно обвинителство со иста мера со која тоа било на почетокот, кога беше формирана оваа институција. На брифинг со новинарите денес Спасовски рече дека довербата во специјалната обвинителка Катица Јанева му е намалена, а за тоа придонеле повеќе фактори, меѓу кои удел имаат и случувањата со Никола Груевски.
„Мојата доверба во Специјалното јавно обвинителство не е со истиот интензитет како во времето кога истото беше формирано и кога се залагав за неговото формирање. Довербата е намалена, а за тоа придонесуваат повеќе фактори и случувања, меѓу кои и случувањата со Груевски“, рече министерот Спасовски.




