НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албанија и Србија одат напред во ЕУ интеграциите

0
By Биљана Секуловска on October 14, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Два дена пред објавувањето на Извештајот за напредок на земјите од Западен Балкан во ЕК може да се слушнат првичните неофицијални наоди на еврократијата за сосотојбите на Балканот и за неговата европска перспектива.

Оваа година Албанија е ѕвездата. ЕК се очекува да предложи оваа балканска држава да добие статус на земја кадидат кој би требало да биде одобрен од Европскиот Совет во декември годинава. Албанија оваа позиција ја заслужи со оглед на исполнетиот критериум за одржување на фер и демократски избори. Награда добиваат и проевропските потези на новата влада на социјалистот Еди Рама.

За Србија ЕК ќе повтори дека препорачува старт на преговори за членство доколку Србите ги исполнат очекувањата од преговарачката рамка со Косово. Според многумина познавачи Србија, демонстрирала јасна политичка воља и реално е да се очекува на пролет да ги започне преговорите.

Косово се охрабрува да ги продолжи преговорите во рамките на процесот за стабилизација и асоцијација, додека Црна Гора влегува во поквалитетна фаза на преговорите за членство иако од неа се очекува да направи поконкретни чекори во борбата против корупцијата.

Македонија, како што е познато повторно добива препорака но, очигледно е разочарувањето во ЕК од стагнацијата, а во некои области и од назадувањето на реформските процеси.

Конечно, на дното на листата е Босна и Херцеговина, која се уште не успева да ги реши внатрешните односи помеѓу етнитетите што е кочница и за реформските процеси.

Во секој случај ЕК со овој извештај дава јасен сигнал за политичката воља во ЕУ да се продлабочи процесот на проширувањето и во ЕУ да се интегрира и последната група држави од Балканот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.