Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полицијата ќе го апси- поддржувачите на Шиповиќ на протест

0
By Нова ТВ on October 15, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 15, 2013 08:49

На ФБ страницата насловена како Поддршка за Мирослав Шиповиќ преку соопштение беа повикани поддржувачите на протест пред Основниот суд 1 на пладне, кога се очекува претседавачот на Општина Центар, за кој во отсуство беше изречена мерка притвор за сомнителни криминали сторени во фирмата Машинопромет, да пристигне од аеродромот Александар Македонски.

Полицијата најави дека Шиповиќ ќе биде уапсен веднаш по пристигнувањето на аеродромот, односно по неговото враќање од САД тој беше во посета на неговиот син, по извшената операција.

Во повикот на ФБ се вели: Целта е да се собереме во што поголем број и дадеме силна порака дека Шипо е невин и дека треба се брани од слобода. Сите што можете смогнете сили и да дадеме подршка во 12 час.

Да не дозволиме апсењето на неистомислениците да стане традиција. Денес Шипо утре може да биде секој од нас. Се гледаме, се вели во повикот на поддржувачите на претседавачот на Општина Центар, Шиповиќ, на ФБ.

„Ова е политичка хајка, без истражна постапка“, Мирослав Шиповиќ, актуелниот претседавач на Советот на општина Центар, по кој МВР распиша потерница за криминали во „Машинопромет“, за НОВА вели дека ќе се предаде на властите по враќањето од САД, но тврди дека не сторил криминал.

На прес-конференција претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вчера истакна дека Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија нема да дозволи Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ со институционално насилство да ја превземат контролата во Општина Центар. По неуспехот со изборна тортура, сега се во нов поход. Преку монтиран политички процес да ја поништат јасно изразената волја на граѓаните, изјави на денешната

Тој рече дека процесот против претседателот на Советот на општина Центар, е создаден поради тоа што ВМРО ДПМНЕ не може да ја поднесе храброста, единството и решеноста на советничката група предводена од СДСМ и градоначалникот на Општина Центар да ги откријат и објават документите за најголемиот грабеж на народни пари во историјата на Македонија.

Заев изрази сомнеж дека монструозниот план, за како што го нарече, за одмазда не завршува со Шиповиќ. Мора да страда и неговото семејство и блиските соработници.

СДСМ повеќе нема да учествува во работната група во Собранието за 24 декември, а нејзините градоначалници го замрзнуваат своето учество во ЗЕЛС, објави лично лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Либерал-демократите синоќа донесоа одлука да се придружат на протестот на СДСМ.

По притворањето на Шиповиќ постои голема веројатност за блокада на Советот на Општина Центар, изјавуваат за НОВА од Центар.

Блокирањето на Советот би се случило доколку Шиповиќ го врати мандатот и оттука, би останале 11 члена на ВМРО-ДПМНЕ и 11 на СДСМ, со што во игра влегува Љубомир Медарски од ВМРО-НП.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.