Припадниците од муслиманска вероисповест од целиот свет следниве четири дена ќе го празнуваат Курбан Бајрам.
На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах.
За празникот се принесува жртва – курбан, обично овни, кои се споделуваат со блиските и со оние кои немаат.
На овој ден се крунисува аџилакот на аџиите кои отишле да се поклонат на Светата Ќаба во Мека.
Курбан Бајрам, трае 4 дена, а се одбележува на дванаесеттиот месец според арапскиот календар.
Во својата честитка до верниците Реис ул Улема Сулејман ефенди Реџепи порача: Заборавите ги вашите меѓусебните несогласувања, раздори и заговори, затоа, смирувајте се, честитајте си и однесувајте се на исламски начин.
„Кај Аллах не стигнува ниту месото нику крвта на курбанот, кај него пристигнуваа само вашето верување. Нашата благодарност му припаѓа на семоќниот Алах, кој ни овозможи да го доживеме големиот празник Курбан Бајрам, а по овој повод имама посебна чест, во име на Исламската Верска Зеадница и во мое лично име, да ви го честитам овој голем муслимански празник, со молба до милостивиот за помош, спокојство, здравје и среќа“, рече Реисот.
Во чест на празникот Курбан Бајрам женскиот сектор при организацијата „Визион М“ и „Мерхамет“, на градскиот плоштад вчера поделија баклава на случајните минувачи – ова е порака за мирот и солидарноста, рекоа тие и најавија дека вакви слични манифестации ќе организираат и наредните години кога ќе се празнува Бајрам.




