Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Ќе сторам се да обезбедам двотретинско мнозинство за уставните амандмани

0
By Нова ТВ on January 3, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 3, 2019 15:33

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека ќе стори се да обезбеди двотретинско мнозинство за поддршка на уставните амандмани, за кои е закажана пленарна седница за 9 јануари.  Како што истакна, оптимист е за поддршка на овој процес, поддршката со број на пратеници ќе се знае на чинот на гласањето.

-Веројатно, како што е амбиентот во Македонија, и како што се одвиваат практично уставните промени, преку доставување на уставните амандмани, на чинот на гласањето ќе ја знаеме конечната бројка. Седницата е закажана за 9 јануари, дебатата трае не подолго од 10 дена и како што е најавено неприсуство на опозицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, веројатно таа ќе трае не повеќе од два-три дена. Не знам колку. Колку што пратениците ќе оценат, а чинот на гласање ќе биде како резултат на самата дебата, амандманите и задоволството на сите пратеници кои доставија амандмани и како резултат на севкупната верба, дека овој процес треба да го обезбедиме, изјави Заев одговорајќи на новинарски прашања по претставување на очекувањата за економијата во новата година.

Ќе сторам се до последен момент за да обезбедиме двотретинско мнозинство и тоа ќе го соопштиме на јавноста во моментот на гласањето, или ќе споделиме задоволство од тоа што е постигнато или ќе ја понесеме одговорноста на целиот фокус што го дадовме на интеграциите, дополни Заев, напоменувајќи дека е оптимист пред се, заради одговорноста на сите пратеници и на извршната власт, дека има одлични шанси процесот да заврши успешно.

Како што информираше премиерот,  во наредните денови продолжуваат разговорите со политичките партии, вклучително и со Билал Касами од Беса.

-Ќе разговараме за се за што тој смета дека треба да разговараме, но мене ми е драго што евроинтеграциите се приоритет на Беса и Алијансата на Албанците  од кои како недвојбени поддржувачи на интеграциските процеси на Македонија очекувам сериозност и одговорност, рече Заев.

Верувам, посочи, дека ќе имаме успех во Парламентот најдоцна во средината на јануари.

– Тоа зависи од секој  пратеник поединечно. Посакувам поголема бројка од 80, верувам дека е можно, знам во суштина што размислуваат пратениците, вклучително и првиот опозиционер во државата. Знам, но пуста политика. Исто така верувам во зборт на мојот пријател, премиерот на Грција, Алексис Ципрас, дека ќе овозможи парламентарно мнозинство што е потребно според нивот закон и Устав за да се ратификува Договорот од Преспа, наведе Заев.

Очекувањата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се  на крајот на февруари да има прво ратификување на протоколот за членство во Грција, а Заев се надева тоа да се случи и порано.

Одговарајќи на новинарски прашања  Заев повтори дека останува на ставот годинава да не се одржат предвремени парламентарни избори и оти таква активност ќе и одземе на економијата меѓу четири и седум месеци. Дебата за такво нешто СДСМ ќе отвори на крајот на месецот.

Писмото што нему и на Ципрас им го упати Столтенберг, како што рече Заев, било охрабрување со кое сакал да даде до знаење и кај нас и во Грција колку е вреден Договорот од Преспа.

– Навистина во европски манири со одважност на двете страни да се донесе решение на спор што беше тег што Македонија ја влечеше надолу и истовремено беше уште еден нерешен спор во Грција. Ваквото решение треба да биде дополнителна мотивација на парламентите  во Македонија и во Грција да бидат позитивни во одлуките, затоа што НАТО се подготвени во средината на февруари да ги почнат сите постапки и процедури, рече Заев, изазувајќи уверување дека уште во јануари ќе биде скициран протоколот за членство во НАТО и оти Грција ќе биде првата држава што ќе го ратификува.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.