На Светскиот ден на Белиот стап – 15 Октомври, слепите лица од Македонија ги истакнаа проблемите со кои се соочуваат, а министерот за труд и социјална политика Диме Спасов им вети повеќе средства од државниот буџет следната година.
Слепите лица денеска продефилираа од плоштадот „Македонија“ до Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“ потсетија на проблемире непристапни патеки за движење, недостиг на аудио книги и на литература напишана со брајова азбука, за образование потребни им се многу пари – сами си ги купуваат аудио книгите.
Претседателот на Националниот сојуз Жарко Селковски потенцираше дека ним и е потребно да им се овозможи барем читањето кое може да се надмине со современи технолошки помагала.
Тој додаде дека за пишувањето и читањето се прават напори заедно со Владата преку Министерството за информатика и јавна администрација да се изработи говорна синтеза на македонски јазик.
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов истакна дека Владата и Министерството со кое раководи и натаму ќе остане посветено на овозможувањето рамноправност на слепите лица, а досега за таа цел се воведени посебниот додаток кој изнесува 7.000 денари, а во моментов го користат 1.080 лица, паричната помош за нега и помош од трето лице, како и мерките за бесплатен превоз, бесплатно присуство на придружник за време на здравствено лекување.
Спасов вети зголемување на паричниот надомест за самохрани родители на деца со пречки во развојот за 50 проценти, кој ќе започне да се исплаќа од 2014 година, како и помош од Министерството за здравство кое обезбедило звучни апарати за мерење на притисокот, како што рече тој, МТСП наскоро ќе им обезбеди и и посебни часовници за слепи лица. Како дополнителна помош ќе биде и најавата за вработување на 300 лица со инвалидност во државните институции меѓу кои, како што истакна, ќе има и слепи и слабовидни лица.




