Во Брисел неполн ден пред објавувањето на Извештајот за напрeдок на земјите од Западиот Балкан единствена непознаница е формулацијата за препораката за почеток на преговори за Македонија. Шефовите на кабинети на комесарите не успеаја да се усогласат во повеќето обиди така што работата им е оставена на комесарите кои ќе ја донесат конечната одлука на утрешната седница.
Во Брисел се јавија повеќе дилеми околу тоа како да се задржи препораката, а при тоа да се избегне понатамошното назадување на Македонија во областа на правата и слободите.
Еднен од заклучоците со кои се согласуваат во Брисел е дека Македонија и покрај препораката за преговори во изминатите три години бележи тренд на назадување во сферата на правата и слободите кои задираат во суштинските полтички критериуми на ЕУ.
Со новата препорака Брисел се обидува овој пат да издејствува конкретен напредок во облсата на стабилнсота на институциите и нивните демократски капацитети, судството, слободата на медиумите и борбата против корупцијата.
Дилемите кои се јавија во Брисел во интервју за Алсат ги откри амбасадорката на Кралството Холадија, Мариет Шурман.
Не се исклучува препорака која ќе ја рефлектира нашата загриженост за трендот на назадување на правата и слободите но, водено да обезбеди јасни насоки како Македонија да избегне од ризикот да ги загуби политичките критериуми, вели амбасадорката Мариет Шурман за Алсат.
Во Брисел една од темите во врска со формулацијата на политичката изјава на ЕК за Македонија е и дали и како ЕК да биде инволвирана во процесот на изнаоѓање на решение за проблемот со името.




