НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СТАВ: Институционалниот хаос ја доуништува довербата на граѓаните за вакцините

0
By Менче Атанасова Точи on January 8, 2019 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Технички пропуст на веледрогеријата „Македонија лек“, која е увозник на вакцините против морбили фрли дамка врз процесот на имунизација, во вака чувствителен момент во државата. Вонредниот инспекциски надзор од Комисијата формирана токму за таа цел која три дена ги проверуваше вакцините за време на празниците, констатира дека увозникот на вакцините на познатиот производител „Глаксо Смит Клајн“ залепил стари декларации на кутии со вакцини кои важат до мај годинава.

Трагикомично! Каде биле контролите до сега? Што правеле во Агенцијата за лекови, МАЛМЕД?

Ако Филипче не превземе санкции за сите инволвирани, ако не им се одземе правото да увезуваат вакцини, да платат пенали, не знам како понатаму ќе почне да се враќа довербата. А, таа доверба се губи континуирано со години. Не го спорам квалитетот на вакцините иако имаше неколку спорни набавки, кои за волја на вистината беа стопирани, туку најмногу заради несериозниот однос на државата и политичарите кои од се сакаат да направат сопствена реклама.

Како тоа еден министер за здравство можеше да застане зад слоганот дека „Членството во ЕУ ќе значи подобри здравствени услуги за сите, а за нашите деца значи најквaлитетни вакцини. Пред новата вакцина да биде одобрена на пазарот, поминува низ строга регулаторна постапка за проценка на квалитет, ефикасност и безбедност“. Министерот Филипче застана со име и презиме зад ова, во време на кампањата за ЕУ, пред референдумот.

Како е тоа можно? Како можевте тоа да му го направите на сопствениот народ? Зарем досега вакцините не беа квалитетни и не поминуваа низ строга контрола? Ако ова го напишал министерот Филипче, нека не се чуди зошто родителите се плашат да ги вакцинираат своите деца и да си даде оставка. А ако е тоа неговиот или владиниот пи-ар, веднаш да бидат отпуштени од работа. Вака, фрлија пепел и го уништија и тоа што беше тенко и се кинеше?

Тоа се „придобивките“од политиката која не дозволи професионалците да дојдат до израз. Тие, експертите, да кажат што имаат за вакцините или за што било друго од нивната област. Да се смират луѓето, да почнат поинаку да гледаат на работите, со факти и научни докази.

Еве, со уште еден пример ќе го поткрепам ова.  Го гледам деновиве министерот Филипче повторно се сликал со пациент кому му е трансплантиран бубрег од починат донор. На фотографијата, на пациентот му се гледа лицето. Па, нели министре, семејството, а и тој треба да бидат анонимни, да не се знае кој примил, а кој дал бубрег да не дојде до несакани последици во однос на комуникацијата. Дали ова што го правите е етички ?

Не е, се разбира, но Вие го правите заради сопствен маркетинг! Каде се лекарите на сликата? Целиот тим што гинеле за да ја направат трансплантацијата во услови на распаднато здравство? Не, тие не се важни, споредни се, очигледно! Главниот сте Вие, почитуван министре! Само напред!

Дури и ние новинарите испочитувавме да не објавиме кој е донор на бубрези на двајцата претходни пациенти, ама за Вас очигледно правилата не важат, кога е во прашање сопствениот маркетинг!

Но, да се вратиме на епидемијата со морбили која повторно ја отвори дискусијата „за“ или „против“ вакцините. И тоа, главно на социјалните мрежи. Велам дискусија, зашто дилема околу имунизацијата не треба да има.

Нaјгласни се антиваксерите кои со години не убедуваат дека алуминиумот, живата и други состојки во вакцините предизвикуваат аутизам. Сега кога стручњаците отворено им кажуваат дека се во заблуда ја свртеа приказната – поради недовербата во здравството не ги вакцинирале своите деца. Тоа е сега најновата, главната теза која упорно ја бранат! А, некои потези од актуелната здравствена власт им одат во прилог на нивните тези. Се во прилог, за побрзо да заглавиме на дното од калта!

Но, да сме на чисто. Здравствениот систем е ваков со децении, не е од сега. Вакцини сте примале и вие поборници против вакцинацијата и вие мајки кои стравувате и ние и нашите повозрасни деца. И тогаш никој не прашуваше какви се, туку се вакцинираа сите, нели? И немаше проблеми. И да си знаете не е вашето познавање на работите отидено напред, туку науката. И во поглед на усовршување на вакцините и во поглед на откривање на аутизмот. Дилема да нема!

Се започна од моментот кога се појави дотичната Слаѓана Велков, поборник против вакцините и конвенционалната медицина, (како што тврди и дипломирала медицина), како и други нејзини истомисленици секаде низ светот, инструирани од неколку центри на моќ, кои профитираа од ваквите кампањи и од производство на „природни“ средства против разни болести.

Нивните водачи живеат во Доминиканската Република и уживаат во земјите од даночниот рај каде ги трошат парите на лекомислените родители кои загрижени за здравјето и безбедноста на своите деца, купуваат разни алтернативни производи спакувани под мотото„ние сме поскапи, ама не го уништуваме здравјето на вашите деца како фармацијата“. Бизнисот го водат од таму,  зашто ако се вратат дома ќе ги уапсат. А, за Слаѓана Велков има неколку кривични пријави во Србија каде што живее.

Точно е дека фармацевтската индустрија профитира од секој лек, не само од вакцините, ама дебело профитираа и тие што ве научија да не ги вакцинирате децата, да гледате во сонцето, а на децата со аутизам масовно да им даваат (произведуваат и пропагираат) средство слично на варикина од што им се кинат цревата.

Темата за имунизацијата требаше да се постави одамна, кога Велков ја рекламираа на разно-разни телевизии и да се зборува и да се едуцира континуирано. Никој од тогашните здравствени власти не излезе да каже дека тоа е погрешно и дозволија нивните новинарски пулени да и даваат медиумски публицитет. Резултатот од целата таа пропаганда го гледаме сега, преку недоверба во вакцините и драстично намален опфат со имунизација и тоа во средини каде што најголем процент живеат образовани луѓе. А, интернетот не дава одговор на се и може да доведе до забуна. Особено не, ако сте лаик и немате познавање од проблематиката.

И така, целата таа масовна пропаганда донесе страв и сомнеж кај граѓаните. Згора на се, разни набавки на лекови и вакцини во изминатиот период ја разнишаа довербата.

Вакцините, според се до сега, не се од паралелен увоз, а новиот тендер кој требаше да биде распишан уште летово (а, е распишан една недела пред епидемијата) треба да ги задоволи потребите за најмалку две години. Како и претходниот, од 2016 година кој беше распишан во време на поранешниот министер Тодоров.

Дали ќе се калкулира со набавките и со цените, е одговорност на Министерството за здравство и сите очи ќе бидат насочени таму.

На тендерот, квалитетот треба да е приоритет, а не најниската цена! Нели, оваа власт токму заради најниската цена на тендерот за вакцини ја критикуваше претходната. Време е да бидат доследни на себе и да ја вратат довербата кај граѓаните!

И да, со вакцините ги штитиме нашите деца, се заштитуваме себе и колективниот имунитет. Затоа што не живееме изолирани, сами.

Вакцините го спасија светот од заразните болести! Граѓаните во земјите каде што не е задолжителна вакцинацијата се свесни за тоа и опфатот со имунизација е околу 90 проценти. Време е, ние да станеме свесни и сопствената безбедност да ја градиме заеднички.

Со дебати и расправии на социјалните мрежи, само губиме време! Драгоцено време!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.