Постои континуираната загриженост околу недостаток на транспарентност на владините реклами и авто-цензура поради економски притисоци врз новинарите и сопствениците на медиумите.
Поларизацијата на медиумите и сиромашните професионални стандарди го попречуваат правото на јавноста за пристап до различни ставови и точни информации.
Во заклучокот се вели дека се потребни сериозни напори потребни за решавање на проблемите во областа на слободата на изразување.
Во однос на слободата на изразување, се потенцира дека „напредокот во дијалогот со медиумите е во застој по протерувањето на новинарите од парламентот, а и покрај развојот на законодавната рамка, репутацијата на земјата за слобода на медиумите се влошува“.
Притоа, исто така е наведено и дека затворањето на голем број медиумски места во последниве години ја намалило разновидноста на различни ставови достапни до граѓаните. Се потенцира и високиот степен на поларизација во медиумите што „поради политичка погодност го отежнува развојот на објективно известување, создава економски притисок на новинарите и врз сопствениците на медиумите, (вклучително и по пат на чудна употреба на владините рекламирања) и ги одржува лошите професионални стандарди“.




