Пишува: Наде Молеровиќ. мотивациски говорник
Волтер рекол : “Проценете го човекот според прашањата кои ги поставува, наместо по неговите одговори”. Сите ние имаме проблеми. Некои се многу мали и лесно решливи, но има и потешки проблеми кои со поставување на едно едноставно прашање може да ни се причини како лесно решлив: Свесни ли сме всушност колку проблеми НЕМАМЕ ? Дали сме свесни колку проблеми и немаме и никогаш не сме ги имале?
Такво олеснување чувствуваме по вака поставено прашање.
Ако имаш основни услови за живот, биди свесен дека живееш подобро од мнозинството луѓе на оваа планета. Ова е сосема друга перспектива на гледање на проблемите. Ние, луѓето повеќе сакаме да набројуваме што се немаме, отколку што се имаме. Понекогаш, вистинските прашања се одговорите кои нам ни требаат.
Доколку си ги поставуваме клучните и суштински прашања, полесно ќе донесеме и одлуки за промена на квалитетот и навиките во нашиот живот. Никогаш не е предоцна да се започне со разговорот со себеси доколку сакаме да си признаеме и промениме на подобро. Ако се плашите од искреноста на одговорите ќе си живеете во страв од поставување прашања. Кога ќе ве прашаат луѓето што сакате да бидете, им кажувате тоа што тие сакаат да го слушнат. Сакате да престанат да ве прашуваат затоа што се чувствувате непријатно. Тешките прашања го градат вашиот карактер. Ви помагаат да се пронајдете себе и својата животна цел. Доколку ги одберете вистинските, ќе се одлучите за вашиот пат во животот и ќе се поштедите од многу разочарувања на кои ќе наидете. Почнете да се прашувате за важни работи.
Еве неколку кои можеби ќе ви го отворат патот кон промените кои треба да ги направите во вашиот живот во оваа 2019 година Господова:
1. Кои беа моите успеси во минатата година? Луѓето најчесто се фокусираат на своите неуспеси и пропуштени можност.Сетете се и набројте ги достигнувањата на кои сте горди во 2018 година?
2. Што направив погрешно минатата година? –Кои грешки не би сакале да ги повторите во годинава која ни започна. Минатото неможете да го промените, но можете да влијатете на своите идни активности.
3. Што научив ? – Учиме од своите успеси и неуспеси.Одвојте малку време и запишете работи кои ги научивте во минатата година.Документирајте го во својот дневник на научени животни лекции за да можат и другите луѓе да имаат корист во иднина.
4. На која област од животот и се посветив повеќе ? – Дали се посветив и фокусирав само наедна област од мојот живот, а со тоа запоставив нешто друго што м беше важно? Пронајдете го дисбалансот и посветете повеќе внимание оваа година.
5. На која бласт треба да се посветам повеќе? –Откријте што запоставивте минатат година, физичкиот изглед, спортски активности,хоби, партнерски односи….
6. Кои се моите приоритети во 2019 година? –Би требало во новата одина да наброите кои се вашите три приоритети?Дококу ви е јасно што сакате тоа би требало да наброите за време од 10 секунди. Ако не ви оди така брзо тогаш посветете некое време и дефинирајте ги и фокусирајте се на нив во наредните 12 месеци.
7. Кои се вашите сегашни цели? –Ова прашање е во конекција со претходното и со своите приоритети морате да ги поставите јасно целите.Ако се финансиите еден од приоритетите тогаш заштедата од одредена сума е цел.
8. На кои навики треба да работам? –Тоа што ќе го работите секој ден движејќи се напред ќе ве дефинира кој ќе бидете во наредната година.Кои навики треба да ги отфрлите, а кои да ги задржите?Направете листа на навики кои ќе ги вкорените. Јадење здрава храна…медитација..читање книги…
9. Која работа би сакал/а кај себе да ја променам? – Никој освен вас самите не може да ве промени! Време е да се погледнете во огледало и да се прфашате која работа би ја промениле кај себеси.Многумина ова не си го поставуваат како прашање.Нема промена доколку не си ги признаеме слабите страни и тоа што не ни се допаѓа.
10. Доколку би постигнал/а една голема работа во 2019 година што би било тоа? – Кога и оваа 2019 година ќе помине ии иќе си го поставите истово прашање, што би сакале да наброите како свое големо достигнување, успех…? Не е важно дали ќе биде во кариерата, да напишете книа или да бидете во топ форма.Важно е да го вложите целиот свој напор, енергија и ресурси да го остварите
СРЕЌНА, УСПЕШНА, ИСПОЛНЕТА 2019 ГОДИНА




