– Првото поглавје кое ќе го отвориме ќе биде она за слободата на медиумите и слободата на изразување. Европската Комисија нема да отвори други поглавја се додека поглавјето 23 не се затвори во моментот кога ќе почнат преговорите, одговори еврокомесарот Штефан Филе на прашањето на уредникот на НОВА, Борјан Јованоски, кој пак изрази надеж дека неговото прашање нема да биде третирано во Македонија на истиот начин од пред две години.
Филе напомена дека тоа е еден од инструментите за подобрување на ситуацијата со слободата на изразување и слободата на медиумите во Македонија.
Еврокомесарот нотираше дека вториот инструмент според кој Комисијата го разгледува случајот со состојбата на медиумите се спик-ап конференциите организирани од Комисијата. Според него, се работи за многу важно прашање, кое претставува постулат на демократијата.




