„Крајно време е Република Македонија да ја продолжи интеграцијата, крајно време е на Република Македонија да ѝ се овозможи паралелно движење. Статус-кво состојбата никому не носи ништо добро. Нема поголем и посилен импулс за реформите и надминување на слабостите, од почеток на преговорите“, му порачал претседателот Ѓорѓе Иванов на шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.
По средбата со Орав, македонскиот претседател изјави дека Извештајот на Европската Комисија и годинава дава реална слика на сработеното и на постигнувањата на земјата.
Иванов порачал дека реформските процеси остануваат високо на агендата на Македонија и изразил надеж на Европскиот Совет, членките на ЕУ ќе покажат решителност.
Орав пак изразил надеж дека реформскиот процес во земјава ќе продолжи и дека Република Македонија што поскоро ќе ги отпочне преговорите за членство во ЕУ, соопштуваат од Кабинетот на Престедателот.




