Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбалската репрезентација во хаос, Пандев се повлекува?

0
By Нова ТВ on October 17, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 17, 2013 11:11

– Не можам повеќе да молчам и да гледам како тонеме. Ова што се случува со репрезентацијата е една голема срамота. Како капитен имам обврска да ја преземам комплетната одговорност за очајниот пласман во квалификациите кои се зад нас. Нема да барам никакво алиби. Јас, Горан Пандев, сум главниот виновник поради тоа што репрезентацијата не оди на СП во Бразил и е последна во групата. Како резултат на сето ова се повлекувам од понатамошните настапи во дресот со државниот грб. Слободно за сите проблеми, не само во репрезентацијата туку и во комплетниот фудбал во Македонија, може да ме обвините мене и само мене. Може да ме пцуете, навредувате, критикувате, изјави првиот стрелец во репрезентацијата на Македонија.

Воедно, играчот на Наполи не настапи на последниот натпревар од квалификациските дуели за Светското Првенство во Бразил 2014 против репрезентацијата на Србија, каде што во Јагодина загубивме со 5-1.

И Агим Ибраими, кој одигра неколку брилијантни партии во националниот дрес, а кој неодамна потпиша за клубот од Серија А, Каљари се надоврза на хаосот кој се случува во ФФМ.

„Во репрезентацијата нема хармонија. Поделени сме на ’кланови’, а некои си дозволуваат да диригираат и да навредуваат на теренот, наместо да гледаат и тие како играат. Ете, затоа побарав замена на полувремето, затоа што одредени фудбалери си дозволуваат да ’командуваат’, а не им е тоа работа. Немам проблем да ги слушам инструкциите на селекторот, да почитувам авторитети, но се знае кој може да коментира и да зборува на теренот, капитенот и лидерот на репрезентацијата. А, кај нас сите си дозволуваат да зборуваат, да се караат, да навредуваат. Најголем проблем е што немаме хармонија, а тоа посебно е изразено во последните неколку меча, во кои и имавме слаби резултати. А, кога има неуспеси, тогаш сите аномалии излегуваат на површина“, објаснува Ибраими за порталот „Екипа“.

Македонската репрезентација, која веќе има неразјаснети проблеми околу неиграњето на единствениот Македонец кој игра во најсилната Премиерлига во Англија, Горан Попов, неодамна ја напушти и селекторот Чедомир Јаневски, кој пак внесе надеж дека македонскиот фудбал ќе оди во нагорна линија.

Нашите репрезентативци завршија последни во групата составена од репрезентациите на Белгија (која директно се пласираше на Светското Првенство 2014), Хрватска (која го очекува својот противник во баражот), Шкотска, Србија и Велс.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.