Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѕвездите не би сјаеле ако ја нема темнината

0
By Нова ТВ on January 13, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 13, 2019 11:37

Пишува Артан Груби, пратеник

Конечно дојде денот по речиси три децении, по речиси три децении предизвици, три децении тешкотии, три децении непредвидливост и три децении чекање.

Се надевам и би сакал да не бидам разбран погрешно со тоа што сакам да го објаснам:

Претпоставувам дека повеќето сте го гледале култниот филм на Спилберг „Шиндлеровата листа“.

Се сеќавам по Пржинските  преговори, нелегитимниот претседател во заминување Иванов подготви листа на лица за аболиција и тоа предизвика протести, одлагање на избори, и продолжени преговори. Веднаш по аболицијата, терминот „Шиндлерова листа“ беше употребен од страна на претставниците на сегашната опозиција на интензивните секојдневни долги состаноци во вилата на Амбасадорот на ЕУ во Скопје.

Претставниците на сегашната опозиција одбиваа да изготват список на луѓе, аболицирани од Иванов, на кои што ќе им се одврати помилувањето, изјавувајќи дека е несмисливо да направат „Шиндлерова листа“.

Но сепак, конотацијата на Шиндлеровата листа во тој случај беше употребена во сосема обратен контекст од вистинската листа. Поентата на листата е дека околу илјада од милионите жигосани и угнетувани имале среќа да се најдат на списокот на трговецот Оскар Шиндлер во неговата фабрика во Краков и да се спасат од прогонот.

Би сакал подробно да ја објаснам конотацијата со молба да не бидам разбран погрешно,

Почитувани, терминот концентрационен камп за првпат беше употребен во 1897 во Куба.

Сепак, ако ја прашате, јавноста најмногу знае за Национал Социјалистичката партија во Германија која што оснива 42 илјади и 500 концентрациони кампови.

Хајнрих Химлер и неговата СС  во 1934 година ја превземаа контроллата над концентрационите кампови низ цела Германија.

Химлер ја прошири улогата на тие кампови за да ги опфатат и непосакуваните расни и политички елементи.

Милиони непосакувани општетвени елементи беа дел од тие кампови се до 1945.

Низ историјата, вакви прогони, било физички, вистински, виртуелни, емотивни, жигосуваа црнци, жигосуваа  жени, жигосуваа различни општествени категории низ вековите.

Но денес, денес ја знаеме поуката од сите овие трагични процеси низ историјата. Ако само застанете и размислите за миг, покрај човечките трагедии кои што никогаш  не смеат да се повторат, поуката е дека секогаш жигосаниот и угнетуваниот триумфира на крај.

Кога го говорам ова, градам конотација со чуството кое што секој еден од нас го имаше на 19 октомври мината година низ целиот божји ден.

Присетете се на што личеше пленарната сала на Собранието? На што личеа ходниците и канцелариите во Собранието.

Завеани од промаја на источни и западни ветришта.

На што заличи чинот на гласањето ако не на слично своевидно неколегијално, дискриминирачко угнетување и стоичко укажување кое што за миг заличи на …. „подобро да не кажам”

А денес, денес ја избегнуваат најголемата одговорност за градење на држава по независноста. Избегнуваат градење на иднина за своите граѓани. Избегнуваат зачувување и обезбедување на Македонија.

Сепак, ќе повторам, угнетуваните победуваат секогаш на крај.

Би сакал да кажам и два три збора околу помирувањето.

Премиерот од оваа говорница вети простување и помирување и го поврза тој дел со интеграцијата правејки ги двата процеси взаемно зависни и комплементарни.

Да, на ова општество очајно му треба помирување, интеретничко, интраетничко, политичко, партиско, и по сите можни основи.

И помирувањето не завршува со ова гласање на уставните измени.

Ние дома не правиме ништо што е не-европско. Ние дома го правиме токму тоа што го направија европските народи.

Впрочем, основата на Европската Унија почива врз помирувањето помеѓу Франција и Германија по двете светски војни.

И пак ќе се навратам на Оскар Шиндлер. Во годините на Третиот Рајх, тој беше предавник на својата партија. Од 1945 година се до денес и навек, тој е херој на светот!

Денеска критикувани, утре ќе зборуваме за друга Шиндлерова листа, Европска листа, Евроатлантска листа, Заевова листа на простување и помирување.

Затоа што тоа е патот на храбро, еретичко предизвикување на денешницата преку саможртвување за подобро утро.

Велат дека помирувањето е поубаво од победата.

Почитувани,

јас сум Албанец. Тука има и Македонци, има и Роми, Турци, Босанци, Власи, Срби, и други.

Разликуваме многу, по етникум, по убедувања, по култура, по адети, по верска вероисповест, по многу основи.

Но, покрај сите наши разлилчности, тоа што не спојува е жеддта за обезбедена иднина, за подобар живот, за нормални услови за живеачка.

Ткивото што најмногу не држи заедно е евроатлантската иднина, тоа не спојува затоа што таму го гледаме подобриот живот, подобрата иднина, како луѓе, како човек, како татко и мајка, баба и дедо, млади и возрасни.

На крај, архаичниот и регресивен дел на општеството денес ќе не жигоса.

И уште еднаш ќе повторам, жигосаниот, угнетуваниот, прогресивниот, храбриот Триумфира!

Знаете, Ѕвездите не би сјаеле ако ја нема темнината.

*Говор подготвен за 75 седница на Собранието одржана на 11 јануари 2019 година на која што се усвоија амандманите за промена на Уставот, што не бил кажан од говрницата

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.