Руските нуркачи од езерото во регионот Челабинск го извлекле можеби најголемиот метеор откриен на Земјата.
Каменот од 570 килограми најверојатно припаѓа на метеорот што годинава експлодираше и се распадна на тоа подрачје, при што направи дупка во замрзнатото езеро Чебаркул, со пречник од околу шест метри.
Се чека потврда од експертите дали тоа е најголемиот метеор пронајден на Земјата.
Повеќе од илјада луѓе беа повредени кога 17-метарскиот камен влезе во атмосферата, и се распадна во Русија на 15 февруари.
Научниците предупредуваат дека ќе биде потребно извесно време за да се потврди дали каменот пронајден во езерото навистина доаѓа од вселената.
Карпата е пронајдена во езерото на длабочина од 13 метри.
Нуркачите досега од дното на езерото извлекоа 12 парчиња, но само околу пет од нив се потврдени како делови од метеор.