Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Орав-Заев: Една од клучните забелешки користењето на мерката притвор

0
By Нова ТВ on October 17, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 17, 2013 12:41

Делегација на СДСМ предводена од претседателот, Зоран Заев, денеска оствари средба со со Шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Аиво Орав. На средбата се разговараше за новиот Извештај на ЕК и евроинтегративниот процес на Република Македонија, соопштуваат од СДСМ.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ја поздравил и ја поддржал петтата по ред препорака за отпочнување преговори за членство во Европската Унија. Тој истакнал дека ставовите на СДСМ соодветствуваат со ставовите на мнозинството во нашата земја, односно дека нема друга алтернатива за Македонија, освен членство во Европската Унија.

Според шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Аиво Орав, Европската Комисија подготвува Извештаи единствено за земји за кои смета дека ќе бидат членки на Европската Унија.

Тој ја истакна критичната важност на слободата на медиумите и независното судство како основа на секое демократско општество. Како една од клучните забелешки во Извештајот, покрај споменатите, е користењето на мерката притвор, со препорака истата да се користи согласно Европските конвенции во оваа област.

Евроамбасадорот нагласи дека Република Македонија има можност, но и обврска во следните два месеци, до одржување на Советот на ЕУ, да покаже напредок по прашањата од суштинско значење, вклучително и добрососедските односи и соработка.

Претседателот Заев изрази уверување дека опозицијата ќе остане конструктивна и дека ќе продолжи да се залага за непосреден и отворен дијалог меѓу партиите по однос на стратешки важните прашања за земјава. Притоа, на средбата беа разменети и повеќе предлози и идеи во овој правец, а беше заклучено дека соработката со сите чинители во општеството (НВО, деловен сектор, локална самоуправа), важни за процесот на европска интеграција, треба да продолжи и во наредниот период.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.