„Mора да се почитуваат принципите како што се европската култура, добрососедските односи и тогаш членките ги поддржуваат европските и евроатлантските перспективи на сите земји од Западен Балкан“, изјави грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос по средбата со шефот на бугарската дипломатија Кристијан Вигенин.
– Секоја земја од регионот е посебен случај и како таква треба да се земе предвид. Одлуките ќе бидат донесени врз основа на Копенхашките критериуми со цел да се помогне, со добра волја, секогаш врз основа на европските закони, но и на меѓународните односи и закони, рече Венизелос.
Вигенин, како што јавува МИА, од своја страна, изјави дека во регионот се гледа позитивен развој на настаните, кој Европската комисија го препозна.
Добро го знаете нашиот став за Македонија. Се уште преговараме за договорот за соработка и добрососедски односи и очекуваме овој процес да се забрза, истакна шефот на бугарската дипломатија.
Буграскиот министер за надворешни работи нашата земја ја нарече „поранешна југословенска Република Македонија“, иако Бугарија е првата земја што ја призна Македонија под уставното име.




