Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан: Време за реформи, не за предвремени избори

0
By Нова ТВ on January 14, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 14, 2019 17:26

Спорот за името не е единствениот услов за почеток на преговори со Европската Унија и фокусот треба да биде сега врз реформите, а не врз можни предвремени избори, вели во интервју со дописничката на МИА во Брисел, еврокомесарот Јоханес Хан.

Одлуката за предвремени избори, како што посочува Хан, е суверена, но негов „скромен совет“, како што додава е „воздржување од сите други идеи“.

Тој не се согласува со ставот на одредени луѓе дека сега е добар момент за предвремени избори,  затоа што, како што посочува „нема многу време до следниот извештај на Европската Комисија“.

-Земјата треба да го искористи овој многу позитивен момент создаден од Преспанскиот договор затоа што нашата цел е да се добие одлуката на лето и навистина да се отворат првите поглавја до крајот на годината. И ова може да се постигне само ако сите навистина се ангажирани да го направат потребниот напредок. Сега кога прашањето за името е на добар пат да биде решено благодарение на одлучноста на лидерите и одговорното однесување на пратениците кои гласаа за договорот,  напорите треба да се фокусираат на реформите посебно во владеењето на правото, вели Хан во интервјуто за МИА.

Според него, ова не само што ќе ги убеди земјите членки, туку е и во интерес на граѓаните кои имаат потреба да видат конкретни бенефити сега. – Очекувам од сите политички сили сега, вклучително и најголемата опозициска партија да го поддржат овој процес, подвлекува Хан.

Сепак, како што нахласува Хан, за Македонија одлуката за старт на преговори сѐ уште не е гарантирана додека не се испорачаат клучните реформи побарани од страна на ЕУ минатиот јуни, посебно реформата на разузнавачките служби, борбата против корупцијата и реформата на судството.

Во тој контекст, комесарот Јоханес Хан вели дека ги слуша критиките околу процесот на амнестија и смета дека сѐ треба да биде разгледано. Тој истакнува дека оние кои сториле криминал треба да одговараат пред органите на правдата. Меѓутоа, тој бара да не се изгуби од вид важноста на процесот на помирување.

-Мислам дека иницијативата на сегашната Влада е дел од помирувањето и како таква треба да биде поздравена. Се разбира владеењето на правото треба да биде почитувано и колку што знам ова е обезбедено и не е општа амнестија, и оние кои сториле сериозен криминал ќе одговараат, истакнува Хан.

Доколку Македонија не потфрли во делот на реформите, Хан верува дека земјите членки ќе го оддадат должното признание за спорот за името во форма на датум за преговори.

-Се надевам и речиси сум убеден дека ќе имаме ситуација каде сите земји членки ќе го испочитуваат овој успех. Затоа што станува збор за решавање на 27-годишен  спор и нема многу слични случаи во целиот свет каде вака долги спорови биле решени на ваков начин, со почит за интересите на двете страни. Имаме уште еден случај, а тоа е мировниот договор меѓу Еритреја и Етиопија. Но, овој конфликт траеше уште подолго, речиси три декади. Така што сигурен сум дека нашите земји членки ќе го препознаат овој историски успех ако е придружен од реформски напори, истакнува Хан.

Судејќи по сериозната реформска посветеност на Владата, Хан вели дека е уверен оти земјите членки ќе го препознаат добриот напредок направен. – Како што секогаш велам: „ако нашите земји партнери исполнат и ЕУ треба да исполни“, дотолку повеќе што интеграцијата на Западниот Балкан е во самиот интерес на ЕУ, рече Хан за МИА.

Тој се надева дека последните случувања во Грција нема негативно да се одразат врз Преспанскиот договор, и е силно уверен дека тој ќе помине од грчка страна.

-Одлуката што треба да ја донесе грчкиот Парламент неделава, се разбира, е суверена одлука. Но се надевам и верувам дека последниот чекор во решавањето на овој долг спор може да биде направен бидејќи толку многу напори веќе беа инвестирани. Притоа, овој договор е од бенефит за целиот регион, вклучително и соседните ЕУ земји членки и се разбира, пред сѐ, Грција, нагласува тој.

Во интервјуто, Хан говори и за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски. Ова, вели тој, е настан кој не му се допаѓа и отвора сомнеж со можна вмешаност на соседните држави во целиот процес.

-Им реков на сите колеги во регионот, затоа што ова беше не само меѓу вашата земја и Унгарија, затоа што ако ја гледате рутата на бегството, патот не беше директен, туку низ регионот и ова е некаков регионална соработка која не ми се допаѓа, изјави Хан за МИА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.