Првична анализа на Институт за европска политика – Скопје по Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2013 година.
Основни согледувања (заклучоци на Извештајот):
– Се повторува оценката дека „во задоволителна мерка се исполнуваат политичките критериуми“.
– Се задржува препораката за преговори, со внимателно формулирање и димензионирање на критиките и препораките.
– Комисијата останува на ставот дека е потребно решавање на прашањето на името во рана фаза од преговорите.
– По блокадата на предлогот на Комисијата во Советот од минатата година, Комисијата прави дополнителен обид да добие време за
решавање на прашањето на името со тоа што предлага отпочнување барем на скрининг.
- Новиот пристап на преговорите за поглавјата 23 и 24 (Правосудство и фундаментални правиа и Правда и внатрешни работи), според кој тие се отворени од почетокот до крајот на преговорите, го напоменува како можност за поголемо влијание за разрешување на клучните реформски прашања, кои ги загрижуваат државите членки. Тоа јасно имплицира дека во државите членки постои загриженост за демократските
процеси.
Политички критериуми
За разлика од порано, Комисијата во заклучоците по одредени подрачја веќе не ги користи стандардизираните термини (мал напредок, умерен напредок, напредок, добар напредок…; ниско ниво на усогласеност, умерена усогласеност, високо ниво на усогласеност…), туку оценките се дадени описно.
Таков е пристапот и во другите извештаи, не само во македонскиот. Претпоставуваме дека причините за тоа е што ваквиот пристап ѝ дава повеќе простор за толкувања на Комисијата (а и на читателите и аналитичарите), особено што има предвид дека во релативнио долгиот
процес на проширување ќе треба да се пишуваат повеќе извештаи. Од друга страна, ваквиот пристап отежнува споредливост – како меѓу државите, така и временски. Воведено е ново подрачје – Устав, а поголемо внимание е посветено на цивилното општество.
Содржината за фундаментални права се префрла се повеќе во Поглавјето 23 -Правосудство и фундаментални права. Клучните критики се однесуваат на лустрацијата; отсуството на дијалог во Собранието и недостатокот на согласност за стратешките цели на државата; мешањето на партијата и државата; децентрализацијата; транспарентноста, мерит принципот и спроведувањето на принципот на правична застапеност во јавната
администрација; независноста и квалитетот на судството; влошувањето на слободата на медиумите; третманот на ЛГБТ заедницата; се бара напредок на системски прашања од ОРД.
Економски критериуми
Останува оценката дека Македонија е многу напредната во економските
критериуми, но не дека ги исполнува;
Одделни согледувања:
– Оценка дека економијата се враќа кон раст во 2013, засновано на инвестиции, многу постепено јакнење на екстерниот сектор и маргинална поддршка на приватната потрошувачка;
– Исто ниво на БДП по жител споредено со земјите членки на ЕУ како минатата
година – 35%
- Макроекономската политика останува конзистентна, но расте инфлацијата;
- Расте дефицитот на тековната сметка, расте надворешниот долг;
- Невработеноста е висока и покрај намалувањето на „официјалната невработеност“; мерките за вработување се социјално ориентирани; вработеноста расте најмногу заради вработувањата во јавниот сектор искалното управување и фискалната дисциплина се влошени, потребна е среднорочна стратегија
Се зголемува капиталот и бројот на државните претпријатија;
Унапредена е деловната клима; повеќе напредок во влез одошто излез од пазарот;
Правен систем: завршена регистрација на имот; покрај формалната независност останува прашањето на капацитетот и влијанието на регулаторните тела врз деловната клима;
Капитализиран финансиски сектор, но мал раст на кредити и загрижуба порастот на заемите кои не се враќаат (non-performing loans);
Квалитетот на финансиско плканирање и управување и натаму се влошува Јавните трошоци не се фокусирани на градење општество засновано на знаење, туку на „декорирање на главниот град“;
Структура на претпријатија главно иста; се уште голем неформален сектор;
И покрај усогласеното законодавство за државна помош, недостасува
транспарентност за имплементацијата и има недостатоци во известувањето;
Трговската интеграција во ЕУ расте; структурата на извозот се подобрува, но меѓународната ценовна конкурнетност останува иста
Способност да се преземат обврските од членството
Во овој дел Извештајот го задржува истиот пристап и користи стандардизирани формулации како и порано. Меѓутоа кога ќе се квантифицираат оценките, произлегува дека има напредок, но нема напредок во нивото на усогласеност, што не е логично. Може да се заклучи дека ЕК е воздржана во унапредувањето на оценките за нивото на усогласеност со acquis. Ова може да се должи на внимателност затоа што не е спроведен скрининг, но веројатно повеќе ма ефектот на должината на самиот пристапен процес.
Од друга страна генерално се дава оценка дека државата веќе има постигнато високо ниво на усогласеност, имајќи ја предвид фазата на пристапување во која се наоѓа. Приоритет треба да биде спроведувањето на политиките и законодавството.
Се забележува дека и понатаму, оние поглавја кои и порано имале напредок, и натаму го продолжуваат, но во одредени поглавја отсуството на напредок загрижува. Такви се особено поглавјата 19. Социјална политика и вработување 22. Регионална политика и структурни инструменти 23.Правосудство и фундаментални права и 32. Финансиска контрола.
Отсуството на напредок и дури влошувањето во некои од овие поглавја посебно загрижува затоа што тие се поврзани со користењето на фондовите од ЕУ. Останатите поглавја во кои се бележи ниско ниво на усогласеност (2. Слободни движење на работниците, 4. Слободно движење на капиталот) не претставуваат подеднаков предмет на загриженост, поради тоа што вообичаено усогласувањето се постигнува непосредно пред пристапувањето или пак се однесуваат на Втората фаза од ССА.




