Андреј Жерновски денес не излезе на прес конфренција да каже што направил или изградил во интерес на граѓаните, туку излезе за да каже што сака да блокира. Ова веќе станува традиција за Андреј Жерновски. Тој наместо да создава постојано само блокира и работи против интересите на општина Центар и нејзините граѓани, реагира ВМРО – ДПМНЕ.
Според партијата Андреј Жерновски исклучиво ја користи својата позиција, за да ја злоупотребува општина Центар за политичка пресметка со ВМРО-ДПМНЕ и Владата. Очигледно дека личната кариера ја става пред интересите на граѓаните.
Андреј Жерновски мора да знае дека блокирањето на градба истовремено значи и помалку пари во општинската каса. Огромен дел од средствата од продажбата на земјиштето и од комуналии, што во случајот со Општина Центар воопшто не се мали пари. Следниот пат кога ќе излезе и ќе се жали дека општина Центар нема пари за градинка или училишта и патишта, граѓаните ќе знаат дека тоа е поради неработењето и блокирањето кое го прави Андреј Жерновски, велат од ВМРО – ДПМНЕ.
Впрочем, Андреј Жерновски со својата деструктивна политика не штети само на граѓаните на Центар. Тој му штети и на развојот на градежништвото, на растот на БДП, но и на потенцијалното отворање на нови работни места.



