Published: Thursday, October 17, 2013 15:57
Министерот за правда Блерим Беџети го потпишал барњето за екстрадиција на Претседателот на советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, објавуваат медиумите.
Барањето ќе им биде испратено на австриските власти по што се очекува Шиповиќ од екстрадициониот притвор во Виена да биде префрлен во Македонија.
Тој се товари за финансиски проневери тешки милион евра направени кога бил претседател на Управниот одбор во фирмата Машинопромет.




