Published: Thursday, October 17, 2013 17:44
СДСМ обелодени дека во владината лотарија за вработување во Македонски Шуми, наместо социјални случаи и самохрани родители, во Битола, награда добиле блиски роднини на општински функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
-Една од нив е Валентина Шаклевска, сопруга на актуелниот советник и портпарол од ВМРО-ДМПНЕ, Благој Шаклевски а среќа при извлекувањето имала и Боринка, сестра на актуелниот советник од ВМРО-ДМПНЕ, некогашен градоначалник и некогашен претседател на партијата Златко Милошевски.
СДСМ го повика Груевски јавно да ја истакне листата на лицата кои конкурираа за вработување, за да можат сите граѓани да ја видат листата која е наместена и за да дознаат како функционира семејното функцинирање на ВМРО- ДПМНЕ во Битола.




