Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По 11 месеци без Антикоруциска, Предлог законот денеска пред пратениците

0
By Нова ТВ on January 16, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 16, 2019 10:07

Собранието денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред е само една точка – Предлог законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, 11 месеци по оставката на членовите на Антикорупциска по наводите за ненаменско трошење буџетски пари.

Предлог-закон ќе оди по скратена постапка и со европско знаменце со цел да се донесе што е можно побрзо.

Со Предлог законот се зголемуваат ингеренциите на Антикорупциска комисија. Антикорупционерите отсега ќе треба да го следат финансирањето на политичките партии и финансирањето на изборните кампањи, да прави директен увид во сметките на политичарите, но и да покренува постапки пред надлежните органи за наодите во ревизорските извештаи.

Министерката за правда Рената Дескоска на брифингот минатата недела посочи дека некои од амандманите поднесени од ВМРО ДПМНЕ се однесуваат токму на тоа, Антикорупциска да не може да врѓи увид во сметките на политичарите, што според неа е неприфатливо.

– Апелирам до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да бидат свесни за значењето на Законот за спречување на корупција и да се откажат од одредени барања што ги имаат, кои треба да придонесат за намалување на значењето, улогата и надлежностите на ДКСК. Она што реално предизвикува проблем во нивните амандмани е барањето за бришење на условот за забрана за политизација на членовите, односно спречувањето одредени членови што биле политички активни во изминатиот период или биле донатори на политички партии да не бидат членови. Понатаму барањето да се тргне надлежноста за увидот во банкарските сметки на функционерите, рече министерката за правда.

Со новото законско решение се зголемуваат и критериумите за избор на членовите и претседателот на комисијата. Членови на Антикорупциска повеќе нема да можат да бидат оние кои во изминатата деценија биле пратеници, членови на Владата или функционери во органите на политичка партија, а не ќе можат да се кандидираат ниту донатори на некоја политичка партија.

Познат профилот на идните антикорупционери

Според Предлог законот, антикорупционерите ќе имаат пристап до сите податоци што за функционерите ги има  УЈП, МВР, Фонд за пензиско, Катастарот, Берза, Народната банка и до сите банкарски сметки.

Антикорупциска ќе ги следи  промените на имототите на функционерите и по завршувањето на нивниот мандат, ќе ги проверува сомнителните партиски вработувања и доделените грантови на блиски луѓе на политичарите.

Тие ќе имаат право и да ги повикуваат на разговор лицата против кои се води постапката, но да користат и надворешни експерти.

Еден член на Комисијата ќе биде номиниран од Народниот правобранител, еден претставник од Советот за соработка меѓу владата и граѓанскиот сектор за областа Демократија и владеење на правото, член од Советот за соработка меѓу владата и граѓанскиот сектор за областа Медиуми и информатичко општество и по двајца пратеници од власта и од опозицијата. Комисијата потоа листата на кандидати ја доставува до собраниската Комисија, која ќе му ги предложи на Собранието да ги избере.

За да се донесе законот потребно е двотретинско мнозинство. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавија дека нема да го поддржат законот во ваква форма изразувајќи сомневања дека се подготвува „нов чадор што подоцна би служел за притисок врз политичките неистомисленици“.

За тоа дали овие измени ќе можат да поттикнат ефикасна борба против корупцијата, од разговорот на НОВА со Драги Малиновски, поранешен член на антикорупциската комисија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.