Powerhouse Pilates & Dance Studio by Irina Mitevska заедно со ’’ Од срце за Филип ’’ поканува на уште еден хуманитарен настан- собирање на средства кои ќе му овозможат на Филип да ја оствари својата најголема желба – да застане на нозе.
На 20.10.2013 год. (Недела) на игралиштето Сокол, со почеток од 12:00 часот, ќе се оддржи пилатес час, под водство на најдобриот Пилатес инструктор во Македонија, Ирина Митевска, со времетраење од 1ч.
Цената на учество е 100 ден. и сите собрани средства ќе бидат наменети за лекување на младиот Филип. Да бидеме и фит и хумани и заедно да помогнеме на еден млад човек повторно да стои гордо исправен пред сите нас, повикува Powerhouse Pilates & Dance Studio by Irina Mitevska.