НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Невладините организации бараат политичка одговорност за бегството на Груевски

0
By Нова ТВ on January 18, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: 24.ху
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Девет невладини организации, денеска преку соопштение, повикаа на политичка одговорност и оставки од највисоките функционери за бегството на Никола Груевски.

Тие потсетија дека побарале истрагите итно да завршат и дека Основното јавно обвинителство најавило дека предистражната постапка ќе заврши во рок од две недели и дека јавноста ќе биде информирана, што не се случило.

-Сметаме дека навршувањето на втор календарски месец од бегството е разумен рок за на јавноста да и’ бидат соопштени информации околу истрагите кои се водат како и да се утврдат пропустите на институциите кои што во конкретниот случај биле надлежни да постапуваат. Одолговлекувањето ги подгреа сомнежите на јавноста и дополнително придонесе да се зголеми перцепцијата дека културата на неказнивост опстојува во Македонија. Во минатите две реакции ги идентификувавме потенцијалните точки во системот каде што недвосмислено може да се утврди одговорност, и тоа без оглед на исходот на официјалната истрага, која треба да ја утврди евентуалната одговорност и на останатите институции, се вели во соопштението.

НВО сметаат дека е неопходно да се преземе политичка одговорност односно да следуваат оставки од министерот за внатрешни работи, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање и директорот на Агенцијата за разузнавање.

– Понесувањето политичка одговорност за случајот со бегството на Груевски е единствениот начин власта да покаже дека има сериозна намера да се бори против културата на неказнивост, која – да не заборавиме – беше главна карактеристика на поранешната власт особено кога стануваше збор за највисоките функционери, се наведува во соопштението на невладините организации.

Зад иницијативата стојат:

Институт за демократија Социетас Цивилис- Скопје

Институт за европска политика

Институт за човекови права

Коалиција сите за правично судење

Младински образовен форум

Граѓанска асоцијација МОСТ

НВО Инфоцентар

Центар за економски анализи

Цивил – Центар за Слобода

Последен кој даде изјава за тод до каде е истрагата е шефот на преговарачкиот тим на Македонија, советник во Кабинетот на премиерот Заев, Бојан Маричиќ кој на прашање на дописничката на МИА од Брисел дали ќе има одговорност, рече дека одговорност може да се бара откако ќе се расветлат сите детали од настанот.

-Освен оние кои се во јавноста, немаме други вести. Груевски е азилант во Унгарија и бесправно бега од властите да издржи затворска казна. Ние ги предадовме сите документи на Унгарија и се надеваме ќе постапат според правилата и дека ќе го екстрадираат. Доколку не, тоа ќе биде нивна одлука со која што ние не се согласуваме.

На прашањето дали тоа што немаме договор за екстрадиција значи дека може и да не го екстрадираат, Маричиќ вели дека п„остојат јасни правила за екстрадиција и на европско ниво и мислам дека можат, има доволно аргументи за тоа“, но тоа е одлука на Унгарија.

Тој рече дека сѐ уште работат и МВР и обвинителството на целосно разоткривање на целиот случај, вклучувајќи ги контактите што ги имал и дома и надвор од државата и верувам дека штом ќе имаат комплетен извештај ќе излезат во јавност, но не можеше да каже кога.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.