„Денеска претседателот на Државната изборна комисија поднесе оставка од лични причини. Во СДСМ во тек се консултации во однос на оваа состојба“, соопшти генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.
„Ние сакаме Државната изборна комисија да има успешна и ефикасна работа, пред се во исполнување на препораките од ОБСЕ/ОДИХР, прочистување на избирачкиот список и на сите други забелешки кои што ни ги дадоа за изборниот процес. Значи ние не сакаме во ниту еден момент да биде закочена работата на Државна изборна комисија, туку напротив да може ефикасно да работи и затоа очекуваме веднаш, на наредната седница во Собрание на Р.М да се констатира оставката и да се започне нова процедура за избирање на нов претседател“, рече Спасовски.
Кој најави дека нов претседател ќе се предложи оној момент кога ќе биде распишан огласот за конкурирање за претседател на ДИК.




