Во текот на ноќта продолжила потрагата на сцепијалната единица Алфи по дрвокрадците кои вчера околу 17.30 часот отворија оган од огнено огужје кон полицијата во близина на скопското село Љуботен.
Како што информираат за НОВА од МВР, во инцидентот нема повредени лица, а досега никој не приведен.
Специјалната единица Алфи во координација со Шумската полиција вчера вршела контрола на теренот во оваа област, кога во месноста викана Башилец била забележана поголема група на луѓе, повеќе кубици дрва, два трактори и патничко моторно возило џип.
Кога го забележале присуството на полицијата лицата почнале да пукаат и веднаш заминале во непознат правец, информираат за НОВА од МВР. Потарагата во текот на ноќта се одвивала отежнато поради непристапниот терен. Во текот на денот МВР ќе ја информира јавноста за сите детали околу овој оружен инцидент.




