– Во обид да ја отфрли одговорноста од себе, а за поднесената усна кривична пријава министерката за култура Канческа – Милевска самата го призна истото што СДСМ го искажа при поднесувањето на пријавата, а за постоење на основано сомневање дека истата сторила кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353, став 5 од Кривичниот закон, за нанесена штета на Буџетот на РМ во вредност од 58 милиони евра, рече денеска Петре Шилегов, потрпарол на СДСМ.
Тој порсети дека во интервју за еден дневен весник, министерката за култура изјавила: „Немаме поврзаност со Општина Центар во делот на проектите од „Скопје 2014““.
– Со ова Канческа – Милевска го потврдува она што го тврди СДСМ, а тоа е дека Министерството за култура нема надлежност за иницијативите за подигање на спомен обележјата, смета Шилегов.
Во истото интервју, рече тој, Канческа – Милевска се обидува да ја одбегне и одговорноста за скандалите поврзани со начинот на кој се трошат парите на граѓаните и на кој начин се спроведуваат јавните набавки поврзани со објектите од „Скопје 2014“. Канческа – Милевска ја повикува јавноста да види како се потрошени парите за објектот зад мене, познат како „Стар театар“.
„Овој објект првично беше најавен дека ќе чини 6 милиони евра. Но, неговата вредност, односно потрошените народни пари, како и за други објекти од овој проект на власта, неколкукратно пораснаа. Заедно со сите анекси, договори за предвидени и непредвидени работи, објектот „Стар театар“ до денес ги чини граѓаните неверојатни 39 милиони евра.
Замислете, дури шест и пол пати повеќе од првично планираната односно најавена вредност“, потенцираше Шилегов.
„Според податоците достапни од Бирото за јавни набавки, за овој објект, освен основниот договор склучени се дополнителни 40 договори, или анекс на договор во вредност од над 33 милиони евра. Ако се погледне за што се склучени овие 40 договори и анекси, испаѓа власта сакала да прави театар ама не предвидела во тој театар да има мебел, ентериерна опрема, осветлување (број на оглас 22/2010) завеси за сценскиот простор, градежно занаетчиски работи, хидротехнички работи….
– Само овие седум договори, сите склучени во постапка со преговарање, значи во четири очи, без оглас и без меѓународна објава, за дополнителни и непредвидени работи на објектот Стар театар ги чинат граѓаните околу 2 милиони евра.
– Скандалот е поголем ако се види образложението за оправданоста во трошењето на народните пари, цитирам „таквите дополнителни работи или услуги не можат да бидат технички или економски одделени од основниот договор без поголеми проблеми за договорниот орган“, рече Шилегов на денешната прес-конференција.




