Ако СДСМ има докази за кривично дело, ги повикиваме да поднесат кривична пријава. Но, нема да поднесат бидејќи и самите знаат дека се е чисто и законски а во недостаток на теми, мораат нешто да зборуваат за да не ги критикуваат дека нема опозиција. Затоа критикуваат дури и кога се гради нешто, реагира ВМРО – ДПМНЕ.
Шилегов: Канчевска го оштетила буџетот за 58 милиони евра
– На СДСМ се им смета. Тие се против проектите на Владата не затоа што се лоши, туку затоа што немаат со што да се пофалат дека направиле во нивно време, и со што ќе можат да се споредуваат.
– СДСМ во нивниот мандат не рализира ниту еден позначаен проект од кој граѓаните ќе имаат корист. Нивното владеење беше одбележано со низа скандали и афери, а буџетските пари наместо во градби и инфраструктура завршуваа во приватни џебови и во бисери за министерките, велат од владеачката парија.




