Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Градежна  тишина

0
By Нова ТВ on January 23, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 23, 2019 09:47

Пишува Александар Петров, архитект

Здравиот разум се уште никако да допре до општините. Ситуацијата  и понатаму е очајна, речиси сме дојдени до крајниот ќош при градската шир. Константно се продуцира урбаната сегрегација. Никако да почувствуваме некоја конкретна мерка, без тоа да биде банален политички памфлет. Дополнително и мачно се трупаат проблемите и крајно време е да се донесат некои основни одлуки битни за структурата на градот. Секако кога зборуваме за тоа, не може да се занемари главниот епицентар (Општина Центар), ерупција од дива градежна лава која надоаѓа во се поголем налет и кон преостанатите веќе кревки физики на градот.

Се уште го актуелизираме последното парче простор и никако да дојдеме до некаква си конкретна синтеза, спас, празнина. И така се вртиме во круг до бескрај.

Општина Центар е мал простор од околу 7 км2 и повеќе нема капацитет за живот ни за сообраќај. Во тој административен околиш, празни останаа само источните квартови, градски остатоци каде што е отсутен секаков вид урбанитет (Ново и Маџир Маало, населбата Пролет). Прашање на време е кога и тие ќе потонат во темнината. Доколку и тие населби преминат во неповрат, избетонирани и забарикадирани од  светлината и природната вентлација (веќе така е пишано во ДУП-от), ќе дојдеме до најрадикалниот момент, кога ќе мора да почне да се корне асфалтот по улиците, за да може колку толку да се остапи простор на некакво течение по кое би растела вегетација.

Тие сообраќајни артерии ќе мора да исчезнат за да се подготви место за некаков си партер по чии ходници ќе ни влегува колку – толку зрак и воздух. Ако се земат предвид и узурпираните угостителски тераси, ќе ни стане јасно дека друг излез не постои. Тие седум километри се пешачат околу еден час, а со велосипед се поминуваат за 20 тина минути. Нема да претставуваат товар за граѓаните, а сообраќајот ќе може да се реши преку јавен транспортен прстен кој ќе врти околу Малиот ринг и ќе ги дистрибуира корисниците за своите потреби.

Пред влезот во Центар ќе мораат да ги испаркираат своите автомобили надвор од определената граница.

За да не дојде до такво грубо сценарио, спорната парцела спроти Холидеј ин и тоа како ќе биде потребна за да се надоврзе во таа елементарна потреба за празно. Иако таа е отуѓена од познати причини, ќе генерира конкретен проблем и конфликт помеѓу незаситената парцелизација која се повеќе се шири и тесниот мал запоставен амбиент на преостанатите раситнети парцели што се наоѓаат покрај булеварот „Кочо Рацин“ (меѓудругото без основни услови за град).

Овие вторите претставуваат единствена битна градска визура која би можело градежно да се оправда и надополни во корист на урбаниот профил и секако да им се подобри потребната инфраструктура.

Тие ситни парцели ќе мора да го издржат пресингот на светиот инвеститор, кој под притисок ќе сака да им го придобие земјиштето. Тие мора да бидат свесни дека и доколку успеат да издејствуваат максимална договорена цена, каков било масивен објект на нивната сопственост  ќе биде трајно осуден на пропаст, а последиците ќе мораат да ги сносат тие самите од катноста и волуменот што ќе произлезе во нивната животна околина.

Во меѓувреме, Општината или Градот, како сакате, ќе мора да донесе нов ДУП и ГУП, каде што постоечката здебелена парцела ќе ја впише како парк и зеленило, а може дури и да издејствува земјоделско земјиште. Знам дека сите се правдаат со законот и дека тоа е невозможно да се изведе до 2025 година, но со силна политичка волја и посветеност тоа може брзо да се спроведе. Кога можеше да се промени Уставот и името за доброто на иднината на државата, така експресно ќе може и да се донесе новиот ДУП и ГУП за доброто на иднината на градот.

До тогаш може да се објави и конкурс за мастерплан, а што тој се усвои и конкурс за добитниот парк-шума.

Еднаш така донесениот план ќе ја намали пазарната вредност на истото откупено земјиште и Општината ќе може да му направи експроприација за помала цена од таа за која е откупена.

На тој начин инвеститорот нема да има потреба да глуми наивен и да си го брише задникот со архитектот Танге. Доколку верува во тоа  што го посочува, има на располагање многу други плацови низ градот, од Ѓорче Петров па се до Реонскиот Центар, за да покаже дали е способен да изгради нов центар во градот, едно ново модерно упориште кое ќе противтежи на постоечкиот силуван  Центар.

Не држи толкав град се уште да црпи и профитира од само едно централно јадро. Метрополите функционираат во склоп на повеќе сателити, какви што во Скопје се уште ги немаме.

Кулата којашто е вцртана во ДУП -от  е перцепирана како тенок симбол, чиј партер е слободно земјиште кое функционира како Плоштад. Во тоа време градот бил социјалистички и визијата на Танге се стремела кон  една утопистичка верзија. Не постоела цел земјиштето да задава економски спекулации (не постоеле приватни парцели,тие биле општествени).

Сегашната впишана висококатница само при приземјето ја окупира целата градежна линија со неколку ката над и под земја .

Скопје не е Токио и тука земјиштето нема капацитет да достигне астрономски цени. Затоа, таму се гради масивно, за да се рационализира капиталот. Не може овдешен инвеститор да купи државно земјиште за проста цена, а да гради и продава по сложена цена.

Доколку истата парцела пак остане во косопственост  на МПЦ и не се експоприра од Општината, тие можат да понудат еден зелен полмон,  јавна шума чија градежна линија ќе ја отстапат на јавното и божјо добро. Ете како сугестија, можат да  изградат мала и скромна црква само со приземје, модерна и современа, без иконографски претензии, која ќе биде поим за тишината  и дишењето, нешто што ќе ја растеретува околната тежина и ќе овозможи можност за јакнење на индивидуалните слободи кои на градот му се одамна одземени.

Таква концепирана црква, може да генерира нешто  свето, да понуди инклузивност за секого,па дури и на било кој неверник, духовно да фантазира по својот мир.

П.С.

Сакав да апелирам и до медиумскиот пазар, да не создава конфузија околу правото на град. Бивш градоначалник кој причинил узурпација на јавно добро нема јуридистичко право да учествува во дебата за иднина на градот. Новинар кој манипулира со општинско земјиште нема право да нуди подобар град преку „БЛИЦ“ колажи и инвеститори. Или ќе застапуваат јавен интерес или како конзументи ќе мора да ги бојкотираме.

Во Скопје работат многу активисти, дискретни херои кои секојдневно макотрпно се борат против ова лудило, жртвувајќи се за едно подобро утре. Ова се само некои од нив: „Во одбрана на Дебар Маало“, „Здравје пред профит“, „Го сакам Водно“, „О2 коалиција“, „Скопје бара чист воздух“, „Сакаме Аеродром да дише“…

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.